Не го признавам советот и точка рече Бошкоски и му сврте грб на судијата уште пред да му биде изречена пресудата. Доби десет и пол години робија затоа што им помогнал на тројцата убијци на Марјан Тушевски да се забошоти случајот.
Вести
-
Македонија 19.11.2014 19:26
-
Свет 19.11.2014 18:59
Филмски грабеж на банка во Ахен
Филмски грабеж во германскиот град Ахен. Четворица маскирани луѓе влегле во банка и со себе земале плен со шестоцифрена вредност. Нема повредени.
Полицијата трага по напаѓачите. Се претпоставува дека меѓу нив била и една жена.
-
Свет 19.11.2014 18:54
Големо полициско обезбедување во синагогите во Ерусалим
Мирно, но тензично во Ерусалим, ден по крвавиот напад. Верниците се вратија во синагогите, но пред нив имаше големо полициско обезбедување. Светските лидери остро го осудија насилството.
-
Македонија 19.11.2014 17:35
Расте бројот на предвреме родени бебиња
Ангела се родила во првата недела од осмиот месец. Нејзиното доаѓање на свет донело радост, но и неизвесност. Сега таа има 3 и пол години. Тежок момент е да се гледа сопственото дете во инкубатор и беспомошно, велат трите мајки чии деца се родени пред време.
-
Свет 19.11.2014 17:21
Снежното невереме во САД однесе четири животи
Снежни бури и рекордно ниски температури ги погодија северните американски сојузни држави. Најмалку 6 луѓе умреа како последица од снежното невреме. Ситуацијата е најкритична во Бафало, Њујорк, каде наврнаа два метра снег преку ноќ.
-
Македонија 19.11.2014 17:13
ЕЛЕМ: Акумулациите имаат простор да ги прифатат зголемените дотоци на вода
Интензивните врнежи од дожд, што во последното деноноќие ја зафатија Македонија, поволно влијаат врз водостојот во вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија. -
Свет 19.11.2014 16:55
Балканот под вода
Балканот повторно на удар на надојдената вода. Сликите од големата поплава во Србија и Босна и Херцеговина се повторуваат, овојпат во Албанија и се смртоносни. Во Лач, северозападно од Тирана, поплавниот бран предизвика семејна трагедија. Се удавија 60-годишен човек и неговата 26-годишна ќерка.
-
Македонија 19.11.2014 16:42
Средното богословско училиште и факултетот со финансиски проблеми
Богословското средно училиште и Богословскиот факултет мака мачат со финансиите и нафтата за греење. Информацијата ја потврдуваат во синодот на МПЦ. Во средното училиште плата за вработените има, но, училниците им се студенти.
-
Економија 19.11.2014 16:41
Условите за водење на бизнис во Велес, силен поттик за инвеститорите
Велес е општина со најдобри услови за водење на бизнис. Меѓународниот сертификат кој го има општината ја прави лидер во југоисточна Европа. Тоа треба да биде потик за инвеститорите, сметаат од Сојузот на стопански комори.
-
Економија 19.11.2014 16:35
Институциите ќе испитуваат дали е злоупотребен извозот на рускиот пазар
Владата даде конкретни насоки, а надлежните државни институции имаат рок од само два дена да одговорат дали некоја домашна компанија правела реекспорт на европски стоки преку Македонија за Русија.










