Вести
-
Економија 18.11.2014 08:44
Прогласување на најдобрите угостителски објекти за 2014
Градот Скопје денеска ќе ги прогласи најдобрите угостителски објекти за оваа година. Изборот се организира традиционално кон крајот на тековната година, а плакетите ќе ги врачи скопскиот градоначалник Коце Трајановски. -
Свет 17.11.2014 19:51
Германскиот претседател погоден со јајце во главата
Илјадници главно млади Чеси му дадоа црвен картон на претседателот Земан на одбележувањето на 25-годишнината од кадифената револуција. Додека говореше, телохранителите со чадори го штитеа од толпата која гаѓаше со јајца и наместо него, го погоди германскиот претседател Јоаким Гаук.
-
Свет 17.11.2014 19:47
Германија го потврдува партнерството со Србија
Германија го потврдува партнерството со Србија со посетата на вицеканцеларот Зигмар Габриел во Белград. Освен најавата на голем број германски инвестиции, тој нагласи дека одлуката за Европската Унија не е одлука против Москва.
-
Свет 17.11.2014 19:41
Министрите за надворешни на ЕУ се согласија за санкции против проруски сепаратисти
Министрите за надворешни од Европската Унија се согласија за санкции против проруски сепаратисти, но не и против Русија, по жестоките борби околу Доњецк во кои загинаа 9-мина Украинци.
-
Македонија 17.11.2014 19:34
Зијадин Села ќе ги руши плажите на кои им истече концесијата
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села ќе ги руши плажите на кои 5 годишната конццесија веќе истекла. Тој вели дека ќе постапел согласно законот.
-
Македонија 17.11.2014 19:29
Времена забрана за увоз на живина од Холандија, Германија и Британија
Увезените пилиња и јајца од Германија, Холандија и Британија извесен период ќе изостанат од рафтовите на маркетите во земјава. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе привремена забрана за увоз на пилешко месо од земјите погодени со вирусот.
-
Свет 17.11.2014 19:21
Европската Комисија ги усвои мерките за заштита од птичјиот грип
Европската Комисија ги усвои мерките за заштита од ширење на птичјиот грип кои веке ги презеде Холандија - држава во која се потврди постоењето на патогениот вирус. Портпаролот Енрико Бравио упати на изјавата што ја даде на пладневната прес конференција.
-
Свет 17.11.2014 17:17
Јапонската економија повторно во рецесија
Јапонската економија, трета по големина во светот, е повторно во рецесија, откако неочекувано се намали втор последоватолен квартал.
-
Свет 17.11.2014 17:13
Втор смртен случај од ебола во САД
Втор смртен случај од ебола во САД. Во болница во Небраска почина хирург кој се зарази лекувајќи заразени во Сиера Леоне. 44-годишниот д-р Мартин Салиа беше донесен во САД во многу полоша состојба од претходните пациенти, на носилка, неспособен да дише самостојно.
-
Свет 17.11.2014 17:11
Весна Пусиќ: Ослободувањето на Шешељ предизвикува влошување на ситуацијата во Југоисточна Европа
Хрватската министерка за надворешни го предупреди Брисел дека ослободувањето на Шешељ од Меѓународниот суд на правдата предизвикува влошување на ситуацијата во Југоисточна Европа.









