Вести
-
Македонија 01.11.2014 11:25
„Стандард и Пурс“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс ја потврди претходно доделената оценка за кредитниот рејтинг на Република Македонија за странска и домашна валута ББ-, истовремено потврдувајќи го стабилниот изглед на земјата. -
Македонија 01.11.2014 10:26
Претседателот Иванов ќе учествува на средбата на Европската група на Трилатералната комисија
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во српскиот главен град ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија, што се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот. Се очекува тој денеска да оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ. -
Свет 31.10.2014 23:05
Проблеми за вселенскиот туризам на „Вирџин Галактик“
„Спејсшип 2“, шатлот на „Вирџин Галактик“ се урна во пустината Мохаве во Калифорнија по „сериозна аномалија“ за време на пробен лет. Едниот пилот загинал, вториот успеал да се катапултира на време и со хеликоптер е префрлен во болница.
-
Свет 31.10.2014 22:57
Нервоза меѓу членките: НАТО за 24 часа четири пати пресретна руски летала
НАТО за само 24 часа на четири пати пресретна руски летала. Германски, турски, португалски, норвешки и британски авиони излегувале да ги пресретнат руските бомбардери, ловци и танкери.
-
Култура 31.10.2014 21:19
Познат редоследот за настап на Скопскиот фестивал
Востановен како пандан на „Сан Ремо“ и големите фестивали во регионот, Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ во текот на својот историски развој, ја потврди и оправда заложбата да се има своја автохтона музичка сцена и израз кој ќе кореспондира со најсовремени
-
Свет 31.10.2014 20:30
Се урна спејс-шатл на „Вирџин Галактик“, еден од пилотите е мртов
Се урна Спејсшип 2, шатлот на приватната компанија „Вирџин Галактик“ за вселенски туризам. По „сериозна аномалија за време на лет“, паднал при тестирањето во пустината Мохаве во Калифорнија. -
Македонија 31.10.2014 19:49
Очекувањата на земјите-кандидатки за членство во ЕУ остануваат големи
Предизвиците при следното проширување на Европската унија беше тема на денешната тркалезна маса организирана од страна на постојаната мисија на Република Македонија при ЕУ, на која учесствуваа преставници од Европската Комисија, од Европската служба за надворешни работи и амбасадори на државите о
-
Македонија 31.10.2014 19:37
Белата куќа да го вратат фокусот врз Балканот пред тоа да го направи Русија
Соединетите Американски Држави мора да го вратат своето влијание на Балканот, за да се спречат меѓуетничките тензии, приливот на странски борци за Исламската држава и руското влијание, изјави сенаторот Крис Мрфи во Вашингтон по посетата на регионот.
-
Економија 31.10.2014 19:27
Бакрачески во посета на најуспешната леарница
430-те вработени лица во компанијата се показател за кондицијата во која се наоѓа „ЛТХ-Леарница“. Нејзините успеси во стопанисувањето и бизнис врските со слични субјекти во Европа и пошироко треба да се искористат за привлекување на нивни партнери во Охрид.
-
Свет 31.10.2014 19:01
Кина: 33 милиони долари пронајдени кај вториот човек на администрацијата за енергетика
Најголема антикорупциска заплена во Кина – најдени се 33 милиони долари во домот на вториот човек на администрацијата за енергетика, собрани од мито.










