По дождот и поплавите, сега снег ја парализираше Бугарија. Во тешка сообраќајна несреќа загина четиримесечно дете, а неговите родители се во критична состојба. Надојдена река однесе 42-годишна жена, а уште две лица се водат како исчезнати.
Вести
-
Свет 26.10.2014 17:46
-
Македонија 26.10.2014 17:42
Метео
Стабилно и претежно сончево време нé очекува и во текот на следните денови. Ветерот постепено ќе стишува.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска
-
Македонија 26.10.2014 17:40
Груевски: Се подготвува Акциски план за реформи врз основа на препораките од Извештајот на ЕК
Владата со акциски план ќе ги пегла критиките од Европската Комисија. Секој министер се задолжува да ги детектира слабостите на кои укажува комисијата во последниот извештај.
-
Македонија 26.10.2014 17:25
ДУИ молчи за престрелката во Кондово
Рафиз Алити, актуелниот претседател на општинската организација на ДУИ во Сарај, засега осамен во ставот дека партискиот ривалитет со Блерим Беџети не била причината за огнената престрелка во Кондово.
-
Свет 26.10.2014 16:58
Парламентарни избори во Украина - Доњецк и Луганск не гласаат
Украина гласа за нов парламентарен состав. Во трка се 29 партии за 450 пратенички места. Во Доњецк и Луганск нема да се гласа. Граѓаните очекуваат подобра иднина за својата земја.
-
Македонија 26.10.2014 16:47
Полицијата уапси познат турски криминалец
Полицијата во близина на наплатната рампа Глумово приведе 26 годишен турски државјанин и неговиот татко кого го бара Интерпол. При претресот на нивното возило била пронајдена поголема количина злато. МВР утврди дека таткото користи лажен идентитет со косовски пасош.
-
Економија 26.10.2014 16:45
Митревски: Минималната плата расте побрзо од трошоците за живот
Минималната плата е историски успех, иако не е висока. Сепак, таа се зголемува побрзо отколку што растат трошоците за живот, вели претседателот на ССМ Живко Митревски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-
Македонија 26.10.2014 16:40
Промена на лошите навики во исхраната кај младите од Куманово
Тостови и хамубергери во комбинација со газирани пијалоци претежно се на менито на младите, особено учениците кои не ни размислуваат дека брзата храна штетено влијае на организмот. Голем дел од нив се секојдневни муштерии во сендвичарите.
-
Македонија 26.10.2014 16:30
„Пластична рапсодија“ патува во Србија и Португалија
Љубовната приказна на две оставени пластични шишиња, од Велес патува за Србија и Португалија. Преку две минутен филм тројца ученици од хемиското училиште Димитрија Чуповски, се обидуваат да ја подигнат свеста за можноста и предностите кои сосебе ги носи рециклирањето.
-
Економија 26.10.2014 16:24
Агенцијата за промоција на туризмот добитник на меѓународна награда „За квалитет во туризмот“
Наградата која 20 години ја доделува организаторот на саемот-Туристичка призма, агенцијата ја доби поради унапредувањето и големиот исчекор на развојот на туризмот во Македонија и во Европа.










