Делегации од Авганистан и од Пакистан во Доха на преговори. Катар понуди да работи на мировно решение за смирување на најсмртоносната криза меѓу двете земји во последните неколку години.
Вести
-
Свет 19.10.2025 08:54
-
Свет 19.10.2025 08:34
Протести против политиките на Трамп
На повеќе од 2.600 локации, во сите 50 сојузни американски држави, протести под слоганот „Без кралеви“.
Граѓаните излегоа на улиците против политиките на претседателот Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија.
-
Македонија 19.10.2025 08:23
0800-54321, пријави за повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право.
-
Македонија 19.10.2025 08:10
Во Јавното обвинителство формирана комисија за евентуални нерегуларности
Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето.
-
Македонија 19.10.2025 07:46
И со дронови ќе се „чуваат“ избирачките места
Министерството за внатрешни работи со мобилни тимови и со дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места.
Полициското присуство е заради зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, велат од МВР.
-
Македонија 19.10.2025 07:37
Започна изборниот процес во Велес
Во Општина Велес се гласа на 84 избирачки места. Изборниот процес започна без проблеми. Оттаму известува Петар Печков.
-
Македонија 19.10.2025 07:24
Навремено отворени гласачките места
Репортерите на Македонската телевизија во текот на целиот ден ќе бидат на терен во целата држава, со информации за текот на гласањето. Мартин Николовски известува од едно избирачко место во Чаир.
-
Македонија 19.10.2025 07:15
Македонија гласа, отворени избирачките места
За локалните избори во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Во избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи.
Елизабета Кузмановска известува од Државната изборна комисија.
-
Македонија 18.10.2025 20:48
Избран изведувач за изградба на Универзална сала
Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.
-
Македонија 18.10.2025 19:11
За локалните избори акредитирани 1.451 набљудувачи
1.451 набљудувач се акредитирани за локалните избори. ДИК соопшти дека се акредитирани 807 домашни и 644 странски набљудувачи и 12 странски новинари. Најголем број од странските се од набљудувачката мисија на ОДИХР 524 набљудувачи.










