Вести
-
Македонија 13.10.2014 14:49
Иванов ги прими акредитивите од новите амбасадори на Турција и Шпанија
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Турција и на Кралството Шпанија за Република Македонија. -
Македонија 13.10.2014 14:45
Македонските и белгијските лекари ќе соработуваат
Македонски лекари ќе се дообразуваат и ќе оперираат во 7 универзитетски болници во Белгија, и белгиски лекари ќе работат во македонските болници. Најмногу од нив се кардиоваскуларни хирурзи.
-
Македонија 13.10.2014 14:04
Објавени добитниците за државната награда „23 Октомври“
Професор д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед, е добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на науката и образованието, а во областа на културата и уметноста добитници се писателот Милош Линдро, ликовниот уметник Доне Милјановски, народниот уметник и фолклорист -
Култура 13.10.2014 13:49
Старото кино во Кисела Вода ќе стане современ Дом на културата
Се реконструира старото кино во Кисела Вода, ќе прерасне во современ дом на културата. Со изградбата на овој мултимедијален објект, ќе се збогати културната понуда во оваа општина.
-
Економија 13.10.2014 13:43
Обештетување: Штедачите од ТАТ ќе добијат по 1% од своите заштеди
Повеќе од 6 илјади штедачи, во наредните неколку дена ќе добијат по 1 процент од своите признати штедни заштеди што ги загубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола, која банкротира во 1997 година.
-
Свет 13.10.2014 11:37
Се испитува пропустот што доведе до пренос на ебола на територијата на САД
Американскиот Центар за контрола на болести го испитува пропустот во протколот што доведе до прв пренос на еболата на територија на САД. Се претпоставува дека медицинската сестра се заразила при дијализата на веќе починатиот пациент Томас Данкан.
-
Свет 13.10.2014 11:34
Турција ги отвори воздушните пристаништа за напади против ИДИЛ
Турција одобри САД и коалициските сили да ги користат нејзините воени бази за воздушните напади против Исламска Држава.
-
Свет 13.10.2014 11:29
Националистите слават победа во БиХ
Ден по општите избори, националистите слават победа во Босна и Херцеговина. Во Федерацијата, Бакир Изетбеговиќ од главната муслиманска партија СДА освои 33 од 77 % избројани гласови, а кај Хрватите во предност е Жељка Цвијановиќ.
-
Економија 13.10.2014 11:26
УЈП: Уште 15 дена за воведување на фискални апарати со ГПРС уред
На петнаесетина дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со ГПРС уред, соопшти Управата за јавни приходи.
-
Македонија 13.10.2014 10:41
Нова вредност за регионот Охрид- Преспа
Донесовме нова вредност за иднината на регионот Охрид-Преспа, велат од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, кои беа носители на проектот.










