Светската здравствена организација го ревидираше бројот на починати од ебола, најмалку 3 илјади, од регистрирани над 6 и пол илјади заболени. Во изминатите два дена, во најтешко погодената Либерија починале над 150 луѓе.
Вести
-
Свет 27.09.2014 16:21
-
Македонија 27.09.2014 16:13
Владата со директна помош за најпогодените сточари од син јазик
Владата со сет мерки, за да се спречи ширењето на болеста син јазик. Се одвојуваат 18 милиони денари за прскање и вршење дезинсекција на шталите.
-
Свет 27.09.2014 16:07
Студенти упаднаа во владината зграда на Хонк Конг
Најмалку 100 студенти ги пробија полициските барикади на студентските продемократски протести во Хонг Конг и упаднаа во главната владина зграда. Полицијата ја растера толпата со солзавец, а неколкумина беа уапсени.
-
Македонија 27.09.2014 16:02
Министерството за образование го повика СОНК на преговори
Министерството за образование го повика на преговори раководството на СОНК утре во 11 часот.
-
Свет 27.09.2014 15:50
Лавров: Ширењето на НАТО е грешка
Шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека ширењето на НАТО е грешка и во одреден степен провокација.
-
Македонија 27.09.2014 13:12
Премиерот Груевски денеска ќе даде отчет за 100 дена од работењето на Владата
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе даде отчет по повод 100 дена од работењето на новата Влада.
Отчетот, како што информра владината прес-служба, ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија во 13 часот и 30 минути. -
Македонија 27.09.2014 10:52
Иванов: За идентитет не се разговара ниту преговара
Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и во Европската Унија, но Грција не блокира и условува да се откажеме од идентитетот и го бара невозможното-да прекршиме еден од основните принципи на ЕУ за да ги исполниме условите за членство. -
Култура 26.09.2014 21:09
Познати учесниците на Скопскиот фестивал
20 нови композиции ќе бидат изведени во живо, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари.
-
Култура 26.09.2014 20:15
Започнаа пробите за претстојниот Скопски фестивал
Биг бендот на МРТ ги почна пробите за претстојниот Скопски фестивал. Се свират нотите на новите 20 избрани композиции, се финализираат аранжманите, а наскоро ќе почне и снимањето на вокалите.
-
Свет 26.09.2014 19:06
Њујорк Тајмс по грешка објави: Оставка на Обама
Кога ќе згрешат медиумите, оставка може да си даде и американскиот претседател Обама. На твитерот на Њујорк Тајмс се појави насловот: „Оставка на Обама“. Всушност се работеше за оставката на државниот обвинител Холдер доставена до американскиот претседател.









