Вести
-
Македонија 01.09.2014 10:36
Министерот Ивановски на Форум за интернет владеење во Истанбул
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска и утре ќе биде во службена посета во Репубика Турција. Целта на посетата е учеството на 9-от Форум за интернет владеење (ИГФ), кој ќе се одржи во Истанбул во периодот од 2 до 5 септември. -
Македонија 01.09.2014 10:25
Тројца повредени во вооружен напад во Арачиново
Тројца повредени во оружена престрелка во Арачиново што се случила вчера попладне, по 17 часот. Повредените со прострелни рани биле пренесени во Ургентниот центар.
-
Македонија 01.09.2014 10:21
Над 150 мигранти од Сирија пронајдени во товарен воз во Велес
Над 150 мигранти од Сирија синоќа се пронајдени во товарен воз на Македонски железници на станицата во Велес.
Според првичните информации, тие биле скриени во вагони, со кои се превезувал јаглен за кавадаречки „Фени“.
-
Македонија 01.09.2014 10:18
Пуштен во употреба плоштадот „Делфина“ во Влае
Општина Карпош вчеравечер го пушти во употреба новиот плоштад во Влае, кој зафаќа површина од 6 илјади и 500 квадратни метри.
-
Македонија 01.09.2014 10:00
Почнува новата учебна година
Заврши летниот распуст. Учениците се вратија во училишните клупи. За околу 280.000 основци и средношколци денеска почнува новата 2014/2015 година. За прв пат на школо тргнаа и 20.000 првачиња.
-
Македонија 01.09.2014 09:42
Измени на програмата за рурален развој
Се зголемува финаснсиската подршка за одржување и изградба на хидромелиоративните системи. Со измените на Програмата за рурален развој се планираат 9 милиони евра за капитални објекти. -
Македонија 31.08.2014 18:12
Уште двајца побарале помош на инфективна
Уште две лица во текот на вчерашниот ден побарале лекарска помош на Инфективната клиника кои биле со симптоми на труење. Станува збор за деца на 3-годишна и 17-годишна возраст. И новите заболени откриле дека јаделе сендвичи од иста сендвичарница и ги имале истите симптоми со останатите затруени.
-
Македонија 31.08.2014 18:08
Почна да работи лактариумот на Клиниката за гинекологија
Од почетокот на месец август на Клиниката за гинекологија и акушерство е отворен лактариум, каде мајките на предвремено родените бебиња може да се одмолзуваат и оставаат млеко за новороденчињата.
-
Економија 31.08.2014 18:02
Заокружена најнеизвесната туристичка сезона
Иако шпицот на летната туристичка сезона започна далеку под очекувањата кога се работи за домашните туристи и гостите од соседните држави, во август се случи неочекуван пресврт.
-
Свет 31.08.2014 17:20
Доналд Туск на местото на Ван Ромпуј, Могерини ја наследува Ештон
Полскиот премиер Доналд Туск е вториот претседател на Европскиот совет и првиот преставник на толку висока фунакција од земјите во централна и источна Европа.









