Вести

  • Свет 24.08.2014 17:40

    Куче изберено за градоначалник во САД

    Новиот градоначалник на Карморант во американската сојузна држава Минесота е 7-годишно куче. Се вика Дјук и ги добил изборите со повеќе гласови од неговите против кандидати.

    „Ме следи насекаде. Гласав за него“, изјави Дејвид Рик, сопственик на Дјук.

  • Македонија 24.08.2014 17:34

    Полицијата спречи обид за самоубиство

    36 годишната жена, ја прескокнала оградата и се фрлила во водата, но ја забележале совесни полицајци кои ги повикале колегите на помош и притрчале да ја спасат. Пред да потоне, од водата ја извлекле зашеметената жена, повикале итна помош и ја однеле во болница.

  • Свет 24.08.2014 17:21

    Експертите за растечкиот неонацизам во Европа

    Кога Америка преку борците за човекови права и Стејт депарментот го пали црвено светло за проблемот со неонацизмот во Европа тогаш е јасно, смета новинарот Ивановски, чијшто фах е надворешната политика, дека на стариот континент нешто сериозно се случува.

  • Македонија 24.08.2014 17:01

    Вевчани прераснува во спортско-туристички центар

    Вевчани е на добар пат да го развива и спортскиот туризам. Новата повеќенаменска спорстска сала што ќе биде готова за три месеци ќе ги привлече младите од регионот кои на надморска височина од 850 метри, во прекрасен природен амбиент ќе спортуваат и ќе рекреираат.

  • Свет 24.08.2014 16:45

    Животот во завојуваниот Доњецк

    Стравот од постојаните напади го принудил ова многу члено семејство да живее под ист покрив. Меѓутоа, имаат различни ставови за кризата што е закана за поделби. Александар Кобзев, свештеник и таксист, ја брани владата во Киев, којашто во моментот го бомбардира градот.

  • Македонија 24.08.2014 16:37

    Планинари од Италија ја истражуваат Шар Планина

    Врвовите над Попова Шапка деновиве се предизвик за странските планинари. Група од педесеттина италијански туристи ја искористија Шапка како појдовна точка за да ги истражат Титов Врв, Јелак, Лешница. Меѓу нив е и Симона Барбара Салтери кој е воодушевена од Шар Планина.

  • Свет 24.08.2014 16:31

    Израелските авиони го бомбардираа западниот дел на Појасот Газа

    Во израелски напад врз Појасот Газа биле убиени најмалку двајца Палестинци, а петмина биле повредени. Претставници на палестинските спасувачки екипи соопштуваат дека израелските авиони изутрината го бомбардирале западниот дел на Појасот Газа.

  • Свет 24.08.2014 16:28

    САД: Убиството на новинарот Џејмс Фоли е „терористички напад“

    Владата во Ирак се обидува да ги смири силните верски тензии кои се интензивираа по нападот врз сунитска џамија, истовремено обидувајќи се да ја одбие офанзивата на џихадистите која ја загрозува земјата, при што во најновите напади загинаа 34 лица.

  • Македонија 24.08.2014 16:23

    Се зголемува интересот за изучување на францускиот јазик

    Се зголемува интересот во Македонија за изучување на францускиот јазик, како резултата на активностите на Меѓународната организација на Франкофонијата. Нивна главна цел, во моментов е овој интерес да го зголемат и кај децата, користејќи методи  на неформално образование.

  • Македонија 24.08.2014 16:16

    Борјот на заразен со жолтица во Штип се зголеми на 30

    Бројот заразени лица со жолтица во Штип се зголеми на 30, откако вчера уште 4 лица беа хоспитализирани на инфективното одделение во штипската клиничка болница. Во Скопје не се регистрирани нови случаи на заболени, кадешто вкупната бројка на заразени со жолтица е 66 лица.

Pages