Македонското знаме ќе се вее на „Вол стрит“. Во чест на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, македонското знаме ќе биде поставен над зградата на Берзата во Њујорк. Само знамињата на Израел и на Турција претходно се вееле на „Вол стрит“.
Вести
-
Македонија 19.08.2014 17:04
-
Свет 19.08.2014 17:01
Не стивнуваат расните немири во Фергусон
Растe тензијата и расните немири во Фергусон по смртта на тинејџерот Мајкл Браун. Деветта ноќ по ред демонстрантите жестоко ја напаѓаат полицијата и уништуваат продавници и приватни објекти. Двајца повредени и 31 приведен е билансот од вчерашните немири.
-
Македонија 19.08.2014 17:00
Тородов: Во производот на Екстра Меин има листерија 90 пати над дозволеното
90 пати над дозволеното е утврдено дека има листерија во двата производи коишто госпоѓа од Прилеп ги доставила до Ветеринарниот факултет, потврдија надлежните. Генотипизацијата покажала дека сите заболени и починати јаделе производи од оваа компанија.
-
Култура 19.08.2014 16:48
Струмица му подигна споменик на фолк- легендата Гоце Арнаудов
Во Малиот градски парк во Струмица откриен споменикот на фолк легендата Гоце Арнаудов. Неговите колеги ги испеаја неговите песни и во чест на денешниот роденден на Арнаудов кој ќе наполнеше 60 години.
-
Македонија 19.08.2014 16:42
Потребни се лидери кои ќе се справат со предизвиците на новото време
Живееме во свет, кој што е многу повеќе поврзан од било кога во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. За животот во таков век се потребни и лидери.
-
Свет 19.08.2014 15:14
Миро Церар мандатар на новата словенечка влада
Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска го номинира правникот Миро Церар за премиер, откако неговата новосоздадена левоцентристичка Партија на Миро Церар (ПМЦ) победи на изборите во јули. -
Економија 19.08.2014 15:04
Се очекува 8.000 жители од источниот регион да поднесат барање за отпис на долгови
Голем интерес за отпис на долгови во источниот регион на државата. Само во Штип, дневно се подигаат по околу 100 барања.
-
Култура 19.08.2014 14:52
Исполнета желбата на Тоше - Иконостас од бел мермер во црквата „Свето Преображение“
Се исполни уште една желба на Тоше. Денеска на празникот Свето Преображение во истоимениот манастир во Крушево, кој тој го градеше, беше комплетиран икостастасот од бел мермер.
-
Култура 19.08.2014 14:40
Ко Ун: Поезијата ќе биде спој меѓу Македонија и Јужна Кореја
Поезијата не е само песна на рајот, таа е песна и на земјата и не е случајно што Македонија ја сака и копнее по поезијата.
-
Македонија 19.08.2014 14:02
Иванов: Потребни се лидери за предизвиците што ги носи новото време
Живееме во свет, кој е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици, потенцира претседателот Иванов на отворањето на петтата по ред Школа за млади лидери.









