Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата по најавените таканаречени „блек фрајдеј“ акции.
Вести
-
Економија 28.11.2025 09:33
-
Економија 28.11.2025 09:23
Мицкоски ќе се обрати по повод Денот на даночните работници
Во организација на Управата за јавни приходи денеска во Клубот на пратеници ќе се одбележи Денот на даночните работници – Свети Матеј.
На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.
-
Свет 28.11.2025 09:18
Израелските сили убија двајца палестински мажи на окупираниот Западен Брег
Израелските сили убија двајца палестински мажи на окупираниот Западен Брег. Тел Авив се соочи со обвинувања дека мажите биле погубени ладнокрвно, војската соопшти дека ги истражува наводите.
-
Свет 28.11.2025 08:59
Зеленски: Мирот зависи од условите поставени од светот, не од заканите на Русија
Мирот зависи од условите поставени од светот, а не од заканите на Русија или од какви било ултиматуми, став на украинскиот претседател Зеленски.
-
Македонија 28.11.2025 08:43
Почна божикниот пост
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос.
-
Македонија 28.11.2025 08:32
ЦУК: Загрозени 4 куќи по настанато свлечиште во селото Шипковица
Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи.
-
Македонија 28.11.2025 08:19
Сообраќајот без застои, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.11.2025 08:07
Се очекуваат првите резултати за труењето на учениците
Изминуваат 48-те часа, колку што се потребни за да се утврди причината од што се затруени ученици од „Димо Хаџи Димов“. Се очекува Институтот за јавно здравје да ги објави резултатите од испитувањата.
-
Македонија 28.11.2025 07:55
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.
-
Македонија 27.11.2025 21:00
Директорот Јанев се обрати пред Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ
По четири дена интензивни, продуктивни и содржајни дискусии за клучните прашања од меѓународната полициска соработка, денес во Маракеш, Мароко, заврши 93. сесија на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ.










