Вести
-
Македонија 23.07.2014 14:21
Пробиени 43% од автопатот Миладиновци- Свети Николе- Штип за пет месеци
Четириесет и три проценти од автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата пред пет месеци. Градежните работи, според премиерот Никола Груевски, се одвиваат добро, а најголем дел засега ги изведуваат домашни компании. -
Култура 23.07.2014 14:19
„Џифони искуство“: Децата од Македонија на средба со актерот Ричард Гир
Дванаесет тинејџери од Република Македонија со поддршка на Министерството за култура и Агенцијата за филм, се дел од еден од најголемите Филмски фестивали за деца и млади во светот „Џифони искуство“ кој се оддржува од 18 до 27 јули, во гратчето Џифони, Италија.
-
Македонија 23.07.2014 13:43
Иванов се сретна со Наумовски и Јолевски
Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со новоназначениот пратеник за надминување на разликата околу името Васко Наумовски, како и со поранешниот, акутелен министер за одбрана Зоран Јолевски.
-
Македонија 23.07.2014 13:35
Дијаспората- нераскинлив дел од македонскиот народ
Македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот народ. Организирана во асоцијации и организации се залага за своите права во земјите во кои престојува. Денеска се во Скопје на 5 - та годишна иселеничка конференција.
-
Македонија 23.07.2014 13:29
Уништени 70% од насадите со јаболка во Ресен
Град со големина на орев и јајце вчера околу 15 часот го погоди Ресен. Според првичните оценки, настрадаа околу 3.000 хектари овошни насади, каде рдодот е уништен од 30 до 100 насто.
-
Свет 23.07.2014 13:28
Не стивнуваат нападите на Израел врз Газа
Советот за безбедност на ОН денеска во Женева ќе одржи вонредна седница на која главан тема ќе биде кршењето на човековите права во Газа, откако над 650 луѓе, најмногу цивили и деца, загинаа во тринеделните судири.
-
Македонија 23.07.2014 13:24
Повредените припадници на МВР во протестите од 4-ти јули побараа отштета од обвинетите
Продолжува судењето за 8-темина обвинети во насилните демонстрации на 4-ти јули. 11- те сведоци предложени од обвинителството претежно се припадници на МВР. Дадоа исказ по презентирањето на видео материјалите.
-
Македонија 23.07.2014 13:13
Полицијата го откри убиецот на 90-годишниот велешанец
Четириесет и осумгодишниот бездомник З.Д. од Велес е осомничен за убиството на 90-годишниот Јован Ц. од Велес, чие тело беше пронајдено минатата недела во кругот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес. -
Македонија 23.07.2014 13:11
Јанкулоска: Истрагата за хеликоптерската несреќа се одвива според утврдениот план
Динамиката за истрагата за хеликоптерската несреќа оди според утврдениот план. МВР го заврши својот дел, на ред е обвинителството, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
-
Свет 23.07.2014 12:05
Штрајк на вработените во државните болници во Грција
Вработените во јавните болници во грчката област Атика денеска на пет часа ќе прекинат со работа во знак на протест против проценката на нивната работа, која, како што тие тврдат, ќе води кон отпуштања. Тие нема да р









