Учениците кои добиле единици на државната матура поднеле најмногу приговори до испитниот центар. Директорката Мируше Амети вели дека годинава немало технички проблеми при полагањето, но очекува бројот на забелешки да биде поголем од лани. Причина за тоа е воведувањето на 3-от екстерен испит.
Вести
-
Македонија 17.07.2014 17:22
-
Економија 17.07.2014 16:46
Македонија издаде еврообврзница од половина милијарда евра
Од Министерството за Финансии соопштија дека Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година.
-
Економија 17.07.2014 16:17
Висок степен на квалитет при градба и издржани конструкции
Институтот за стандардизација на Република Македонија е во завршна фаза на усвојување на европските прописи во градежништвото.
-
Свет 17.07.2014 15:42
Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот на аеродромот
Талибанците презедоа одговорност за нападот врз меѓународниот аеродром во Кабул. Не е предизивкана материјална штета иако неколку ракети завршиле во делот кај авионите.
-
Свет 17.07.2014 15:32
Путин: Најновите санкции ќе ги влошат односите со САД
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека најновите санкции од САД ќе ги влошат односите меѓу двете земји. САД ги воведоа најстрогите санкции за главните руски компании „Газпром“ и „Роснефт“, но и за други енергетски и воени компании.
-
Македонија 17.07.2014 15:25
Историски успех на Македонија на Oлимпијадата по информатика
Македонските ученици кои учествуваа на најпрестижниот натпревар од областа на програмирањето, 26-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2014), која се одржува од 13-ти до 20-ти јули во Тајпеј, Тајван, освоија еден сребрен и два бронзени медали.
-
Македонија 17.07.2014 15:23
Човекот што го загуби животот во сообраќајка им го продолжи животот на двајца браќа!
Двајца браќа на возраст од 27 и 29 години ќе го продолжат својот живот без дијализа. Пред два дена успешно им беа трансплантирани бубрезите од кадавер, со мозочна смрт, млад 33-годишен човек кој настрада пред неколку дена во сообраќајна несреќа во Скопје.
-
Свет 17.07.2014 14:56
Мајкрософт ќе отпушти 18 илјади работници
Гигантот МАЈКРОСОФТ најави отпуштање на 18 илјади работници или околу 14 насто од работната сила на компанијата. Ова е резултат на стагнацијата во развојот по купувањето на НОКИА коешто натаму придонесе да се намалат операциите на МАЈКРОСОФТ.
-
Македонија 17.07.2014 14:53
Започнува акцијата „Подари книга“ за социјално ранливи категории
Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со реализација на проектот „Подари книга“, чија основна цел е граѓаните, фирмите и институциите да донираат книги за лицата во социјален ризик и со ниски примања.
-
Економија 17.07.2014 14:46
Побрзи процедури за лиценци за угостителска дејност и трговија со алкохолни пијалаци
За само четири дена ќе се вадат лиценци за вршење угостителска и туристичка дејност и за тргување со алкохолни пијалаци. Министерството за економија воведува нови процедури со кои двојно, или речиси тројно, ќе се забрза овој процес.










