Вести
-
Македонија 02.06.2014 15:18
Запленети 23 килограми марихуана, приведени 7 лица во акцијата „Мрежа“
Околу 23 килограми високoквалитетна марихуана заплени МВР, а приведени се седум лица, со што е пресечен меѓународен канал за шверц со дрога од Албанија, преку Македонија кон Хрватска, при што е разбиена меѓународна криминална група. -
Македонија 02.06.2014 15:11
Успешно се спроведува екстерното тестирање
Учениците од четврто одделение до трета година средно седнаа на жешкото столче. Започна екстерното тестирање. Велат дека добро поминале и не се соочиле со проблем.
-
Економија 02.06.2014 14:31
Милијарда евра за македонската железница
Големите извозни компании можат да здивнат. До крајот на годинава, на располагање ќе им бидат ставени нови товарни вагони. Во моментов, словачката ЖОС Трнава го изработува прототипот, по што ќе стартува со испораката.
-
Свет 02.06.2014 14:26
Сноуден бара азил во Бразил
Поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден, кој во моментов е азилант во Русија, испратил барање за азил во Бразил.
-
Свет 02.06.2014 14:09
Камерон против Јункер, германските политичари против Велика Британија
Дејвид Камерон ги разлути германските политичари со своите закани за напуштање на ЕУ доколку Жан Клод Јункер биде избран за нов шеф на Европската Комисија. -
Свет 02.06.2014 14:05
Почина последната ќерка на Винстон Черчил
Последната жива ќерка на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, Мери Соумс почина во саботата на 91-годишна возраст, објави нејзиното семејство. Таа беше најмалото од петте деца на Винстон и Клементина Черчил.
-
Економија 02.06.2014 14:03
ДЗС: Над 6.000 слободни работни места во првиот квартал
Во Македонија во првиот квартал имало 6.503 слободни работни места. Најмногу 2.266 слободни работни места според објавените податоци на Државниот завод за статистика биле во преработувачката индустрија.
-
Македонија 02.06.2014 13:44
Попоски на средба со австрискиот колега во Виена
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Виена има средба со австрискиот министер за интеграции и надворешни работи, Себастијан Курц, во контекст на австриското претседавање со Централно европската иницијатива.
-
Македонија 02.06.2014 13:41
Исплата на К-15 задолжително до крајот на годинава
Почнува рокот за исплата на К-15. На 300 илјади вработени во приватниот сектор им следува регрес за годишен одмор, од околу 8 илјади и 500 денари. -
Економија 02.06.2014 13:22
Расте бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата е зголемен за 7,1 процент во април годинава, во споредба со истиот медесц лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.










