Вести
-
Свет 20.05.2014 12:31
Тридневна жалост во Србија поради големиот број жртви во поплавите
Поради големиот број жртви од катастрофалните поплави во Србија, српската Влада прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај.Српскиот премиер Александар Вучиќ истакна дека очекува в петок да биде укината вонредната состојба на подрачјето на Србија. -
Македонија 20.05.2014 12:24
Карпош се приклучи кон акцијата за собирање помош на настраданите од поплавите во регионот
Од денеска хуманитарна помош за настраданите во полавите во Србија и во БиХ ќе се прибира на 10 брендирани штандови со натписот од Општина Карпош коишто ќе бидат поставени пред големите супермаркети во општината. -
Економија 20.05.2014 11:46
Системот за електронски информации на берзата со мобилна апликација
Во насока на побрз и поедноставен пристап до информациите коишто ги објавуваат котираните акционерски друштва за своето работење, Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на системот за електронски информации СЕИ Нет.
-
Култура 20.05.2014 11:05
МОБ: Изведба на „Фауст“ за хуманитарни цели
Во рамки на 42 Мајски оперски вечери во четврток во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фаус“ од Шарл Гуно.
-
Свет 20.05.2014 10:56
Алармантно во Хрватска и во БиХ
Алармантан е состојбатa во Босна и Херцеговина и во Хрватска.Се евакуираат цели региони. Бројот на изчезнати расте. Над 3.000 свлечишта се активирани во Босна. Како црни дупки голтаат цели населби.
-
Свет 20.05.2014 10:54
САД испраќаат помош за настраданите во поплавите во регионот
Американскиот Стејт Департмент изрази сочувство сите луѓе во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска коишто настрадаа во поплавите и испрати хуманитарна помош за настраданите.
-
Свет 20.05.2014 10:41
Нов бран поплави и се заканува на Србија
И натаму е најтешко во Обреновац, каде што во тек е евакуацијата на населението кое се прифаќа во центрите во Белград. Досега се раселени 30-тина илјади во неколкуте колективни кампови.
-
Македонија 20.05.2014 10:33
Во Ѓорче Петров мирно, сообраќајот нормализиран
По синоќешните немири поради убиството на матурант, состојбата во Ѓорче Петров претпладнево е мирна, улиците се празни, а сообраќајот нормализиран.
-
Македонија 20.05.2014 10:02
Акција на студентите на УКИМ за помош на Србија, БиХ и Хрватска
Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со студентските парламенти на сите факултети на УКИМ денеска и утре на две локации ќе организира хуманитарна акција за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија, Босна и Хрватска. -
Македонија 20.05.2014 09:55
Годинава ќе се обележува добитокот во свињарските фарми
Ветеринарните друштва ќе вршат регистрација на свињарските фарми, и ќе почне обележувањето на добитокот со ушни маркички.
Маркирањето е законска обврска на сточарите, а во системот на евиденција ќе мора да бидат внесени сите животни.










