Вести
-
Македонија 19.05.2014 12:44
Груевски до Изетбеговиќ: БиХ може да смета на помошта од Македонија
Премиерот Никола Груевски денеска телефонски разговарал со Бакир Изетбеговиќ, претседавач на претседателството на БиХ, во врска со актуелните природни непогоди кои ја зафатија Босна и Херцеговина, соопштуваат од владината прес служба. -
Економија 19.05.2014 12:35
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Според најновата одлука на Регулатнорната комисија за енергетика, цените на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат, додека цената на дизелот останува иста.
-
Македонија 19.05.2014 12:09
Одбележан светскиот Ден на семејните лекари
Петнаесетина студентни во бели мантили и специјални ознаки им мереа телесна тежина, висина, крвен притисок и им го одредуваа индексот на телесна маса на граѓаните кои случајно минуваа покрај двата поставени медицински пултови на Плоштад Македонија.
-
Економија 19.05.2014 11:53
Бизнисмените донираат за настраданите во поплавите во регионот
Сојузот на стопански комори се приклучи кон хуманитарната акција за помош на поплавените во Србија и во Босна и Херцеговина.
-
Македонија 19.05.2014 11:14
24 мај неработен за сите граѓани, 23-ти за влашката заедница
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ – 24 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. -
Македонија 19.05.2014 11:13
Пет тони храна, вода, облека од жителите на Аеродром за Србија и БиХ
Жителите на Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден покажаа несебична хуманост донирајќи над 5 тони храна, вода, облека и хигиенски средства во хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, поточно на нивните општини чии жители претрпеа огромни штети во поплавите. -
Македонија 19.05.2014 11:06
Донирајте за помош на настраданите од поплавите!
Помош за настраданите во поплавите, стигнува од целиот свет. „Благодариме Македоци“, наслов на голем дел од дневниот печат во Србија.
-
Македонија 19.05.2014 10:53
Вода, детска храна, пелени, ќебиња - дел од помошта за Србија од Кисела Вода
Општина Кисела Вода во рамки на хуманитарната акција „Да подадеме рака“ обезбеди 450 пакети со вода, 100-ина пакети детска храна, пелени и конзервирана храна 50-ина ќебиња и јоргани, 150 пакети за лична хигиена, многу облека, обувки... -
Свет 19.05.2014 10:47
Поплавената површина во регионот е поголема од Словенија
Големината на катастрофата која го поплави регионот е апсолутно без преседан. Дека тоа е така покажува мапата која ја подготви „Ал Џезеира Балканс“ на која точно може да се види кои подрачја во регионот се под вода.
-
Култура 19.05.2014 10:35
Хуманитарен концерт за Србија и за БиХ
Влатко Стефановски трио, Каролина Гочева, Ареа, Нокаут, Тони Зен и Кристина Арнаудова ќе настапат на хуманитарниот концерт за Србија и Босна и Херцеговина што ќе се одржи на 28 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.










