На гласачкото место 1000/1 во Куманово запишани се околу 500 избирачи, припадници на сите 6 етнички заедници.
Без оглед на етничка припадност граѓаните со исти очекувања од претседателот и народните избраници.
На гласачкото место 1000/1 во Куманово запишани се околу 500 избирачи, припадници на сите 6 етнички заедници.
Без оглед на етничка припадност граѓаните со исти очекувања од претседателот и народните избраници.
Раздвижено во мирна и празнична атмосфера денес во Струга се одвива гласањето за парламентарните и претседателски избори каде убавото време беше дополнително искористено за прошетка покрај брегот на Охридското Езеро.
Со речиси слична излезност од пред две недели, изборниот ден во Битола влезе во втората половина. Најважно е тоа што досега не се забележани никакви инциденти или неправилности, а во фокусот на битолчани, остануваат демократските пораки.
Денешните парламентарни и претседателски избори досега минуваат во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на Република Македонија.
Близу 45 отсто од вкупно запишани 41.698, или нкаде околу 18.700 граѓани го искористиле своето право на глас заклучно со 14.00 часот.
Овде во комплексот на основното училиште „Добре Јованоски“ во населбата Тризла во Прилеп е најголемата врвулица секогаш за изборите. Има 14 избирачки места со преку 8 000 избирачи.
Онака како што доликува за европски орентиран град, во Велес тече изборниот процес. Од ОИК за МРТ велат дека гласњето се одвива според очекувањето , до нив нестигнале никакви информации за нарушување на изборниот процес.