Вести
-
Свет 27.04.2014 14:11
Премиерот на Јужна Кореја поднесе оставка поради несреќата со траектот
Премиерот на Јужна Кореја Чунг Хонг-Вон си даде оставка по критиките за тоа како владата се справила со потонувањето на траектот со речиси 500 луѓе во водите кај туристичкиот остров Џеџу. -
Свет 27.04.2014 14:05
Србија денеска ќе добие нова влада
Србија денеска треба да добие нова влада. Со експозе на мандатарот Александар Вучиќ, почна специјалната седница на која Собранието ќе го избере новиот кабинет.
Изборот на владата и полагањето заклетва на нејзиниот претседател е единствена точка на седницата.
-
Македонија 27.04.2014 14:03
Медиумите за изборите
Избалансирано информирање, транспарентност, објективност се принципите кои треба да ги почитуваат медиумите во известувањето за текот на изборниот процес.
-
Македонија 27.04.2014 13:39
Гласањето во Југоисточна Македонија се одвива во демократска атмосфера
Мирно и без проблеми тече гласањето во Југоистокот на Македонија. Од поголемите општини, во Струмица до 10 часот гласале 11,75% од граѓаните за претседателските и 11,83 за праламентарните избори.
-
Македонија 27.04.2014 13:31
Мирен изборен процес во Охрид
Изборниот процес во општина Охрид се одвива во мирна и демократска атмосфера.
-
Македонија 27.04.2014 13:24
Најстариот гласач во Кривогаштани има 93 години, не пропуштил ниту едни избори
Со своите 93 години Тоше Дунимаглоски, од селото Кривогаштани е еден од најстарите гласачи во прилепско. Досега не пропуштил избори, гласал и во Кралството на СХС, и во Југославија, и во Македонија.
-
Македонија 27.04.2014 13:18
Тетово: Изборниот процес тече мирно и без проблеми
Фер и демократски. Вака тетовци го оценуваат досегашниот тек на гласањето. Како одминува денот, така се зголемува раздвиженоста по гласачките места.
Еве ги очекувањата на жителите на Тетово по овие избори.
-
Македонија 27.04.2014 13:16
Нормален и мирен процес на гласање во гостиварско
Во поширокиот гостиварски регион, во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, за вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори гласачите ќе излезат на вкупно 197 избирачки места.
-
Македонија 27.04.2014 12:45
Првичните резултати ДИК ги објавува сукцесивно, а конечните во рок од 24 часа
Според Изборниот законик сите учесници во изборниот процес имаат одредени права и обврски и можат да реагираат доколку сметаат дека е нарушено нивното право.
-
Свет 27.04.2014 12:25
Продолжува напнатоста во Украина: Заробени трoјца специјалци
Единиците на проруската самоодбрана во Горловка заробија тројца украински специјалци, а четворица побегнале. Приведените наводно имале задача да го извидат теренот и да го киднапираат Игор Безлер, лидерот на доњецките сепаратисти.









