Вести
-
Свет 25.04.2014 16:19
Штрајкот на хрватските лекари во мирување до 31 мај
По 31 мај Собранието ќе решава што понатаму, јавуваат хрватските медиуми по прес-конференцијата на претседателот на Синдикатот Ивица Бабиќ. -
Македонија 25.04.2014 15:43
1.402 кандидати во трка за 123 пратенички места
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. Осмите парламентарни избори, трети во низа во Македонија ќе се одржат в недела на 27 април. -
Економија 25.04.2014 15:35
Веибо најавува инвестициски бум на североистокот
Четири фабрики и логистички центар ќе гради Веибо во текстилната зона на североистокот од Македонија. Компанијата најавува отворање на пет илјади директни и на уште две илјади индиректни работни места.
-
Свет 25.04.2014 15:27
Србија создава терен за укинување на партиципацијата за лекови
Според надлежните во Фондот, со новите правила ќе се намалат цените на лековите, ќе се зголеми снабденоста,а може да дојде и до укинување на партиципацијата, од што ќе имаат полза и осигурениците и државата.
-
Култура 25.04.2014 15:25
Почина Тадеуш Ружевич, добитник на „Златниот венец“ на СВП за 1987
На 93 години вчера во Вроцлав почина Тадеуш Ружевич, еден од најголемите современи полски поети, добитник на бројни меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1987 година. -
Економија 25.04.2014 15:21
Ставрески: Постапката за отпис на долговите ќе заврши до септември
Отпис на долговите кон ЕВН и банките на ранливите категории ќе почне веднаш по формирање на новата влада, а ќе заврши постапката до септември 2014 година. -
Култура 25.04.2014 15:20
Интроденс со „Суперѕвезди“ ќе го затвори десеттиот „Танц фест“
Холандскиот танцов ансамбл „Интроденс“ со проектот „Суперѕвезди“ (Superstars) вечер во Македонскиот народен театар ќе го затвори 10. фестивал за современ танц „Танц фест“. Танчарите од Холандија ќе се претстават со пет танцови проекти на врвни кореографи. -
Економија 25.04.2014 15:09
Груевски на средба со менаџментот на КСС
Менаџерскиот тим на „Ки Сејфти Системс“ (КСС) е во тридневна посета на земјава.
-
Свет 25.04.2014 15:03
Јацењук: Русија посакува трета светска војна
Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук рече дека Русија со „воената и политичка“ окупација на Украина и создавањето конфликт што би можел да се прошири на остатокот од Европасака да почне трета светска војна.
-
Македонија 25.04.2014 14:42
Царината првиремено задржа производи поради сомневање за фалсификат
Поради сомнеж дека станува збор за фалсификувана роба, во текот на изминатата недела привремено се задржани околу 2.500 парчиња облека и обувки и 152.600 парчиња средства за лична поради сомневање дека се фалсификати.









