Вести
-
Економија 09.04.2014 13:43
НБРМ: Продолжуваат поволните трендови во македонската економија
Во првиот квартал од годинава македонската економија ги задржа поволните трендови кои преовладуваа во 2013 година со реален раст на БДП од 3,1 отсто, констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ. -
Економија 09.04.2014 13:23
Странски инвеститори заинтересирани за вложување во Гевгелија и Струмица
Неколку странски компании во моментов разгледуваат модел за браунфилд и гринфилд инвестиции во земјава.
-
Свет 09.04.2014 13:11
Тензично во Украина
Во Украина се уште напнато. Проруските демонстранти остануваат на барикадите во владините згради во Луганск и Доњецк, иако во текот на ноќта им дозволиле на педесетина лица да ја напуштат зградата на Службата за безбедност без да биде употребено оружје.
-
Македонија 09.04.2014 11:24
Убиство во кочанско
Нов хорор ја потресе Македонија. Татко од Кочани си го убил својот син со секира.
Според податоците од полицијата, се работи за кочанчанец од селото Спанчево кој со секира му пресудил на својот 37-годишен син, доцна синоќа, еден час пред полноќ, најверојатно додека тој спиел.
-
Култура 09.04.2014 11:02
Промоција на нова поетска книга на Мане Манушев
Во „Плато МКЦ“ вечер ќе биде промовирана поетската книга „ЌЕ“ на авторот Мане Манушев, во издание на „Антолог“. -
Култура 09.04.2014 10:59
Театарската група на Словенечкиот центар-Скопје ќе настапи во Љубљана
Театарската група на Словенечкиот центар-Скопје со претставата „Дон Жуан“ денеска ќе настапи во СиТи Театарот БТЦ во Љубљана на 12. Детски фестивал на театарски соништа. -
Македонија 09.04.2014 09:57
Битола ќе добие нов стадион по 8 децении
По близу осум децении, Битола конечно ке добие стадион на кој ќе можат да се играат и меѓународни натпревари.
-
Економија 09.04.2014 09:51
ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 3,2%
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со нова економска прогноза за годинава.
Македонската економија ќе има раст на бруто домашниот производ од 3,2 насто, што е за 0,2 повеќе проценти од претходната анализа на ММФ.
-
Економија 09.04.2014 09:46
30% повеќе апликации за субвенционирано вработување во Тетово
Потпишани 19 договори за субвенционирано вработување во Тетово. Оваа година огласите на Агенцијата опфаќаат две мерки за субвенционирање на вработувањето.
-
Македонија 09.04.2014 09:41
Секој трет жител на Штип страда од алергии
Секој трет жител на Штип и Штипско страда од некаков облик на алергија. Само пред 5 години, со алергиски проблеми биле 14 отсто од населението, додека сега тој процент изнесува дури 30.










