Вести
-
Македонија 21.11.2025 10:12
Премиерот Мицкоски во Тирана на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан
Премиерот Мицкоски во Тирана на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан. Ќе говори на панелот „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“, каде што ќе ги претстави обврските и приоритетите на државата на евроинтегративниот пат. -
Свет 21.11.2025 10:04
Палестинската самоуправа бара овластување во Газа
По разговорите за реконструкцијата и управувањето со Газа во Брисел, премиерот на Палестинската самоуправа одново побара поголеми административни овластувања во повоена Газа.
-
Македонија 21.11.2025 09:42
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
-
Свет 21.11.2025 09:20
Мировниот план од САД на увид од Киев
Украина во Советот за безбедност објави дека го видела мировниот план на САД, но вети дека нема да отстапи територија на Русија.
-
Свет 21.11.2025 09:15
Последен ден од Самитот за климатските промени
Пожар избувна за време на Конференцијата на ООН за климатските промени КОР30 во бразилскиот град Белем. Присутните беа евакуирани. Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување чад. Се истражуваат причините. Конференцијата почна на 10 ноември, а денеска е последен ден од дебатата.
-
Македонија 21.11.2025 09:00
Предлог-листа за претседател на ДКСК
Собраниската Комисија за избори и именувања треба да ја утврди предлог-листата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија. Според информациите, актуелниот генерален секретар на антикорупциска, Адем Чучуљ добил најмногу поени-96,5.
-
Македонија 21.11.2025 08:41
Почнува собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници во четири општини
Од денеска, до 30-ти ноември на полноќ, независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе може да собираат граѓански потписи.
-
Македонија 21.11.2025 08:34
Самит на земјите од Западен Балкан
Премиерот Мицкоски во Тирана ќе учествува на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан. Ќе говори на панелот „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“, каде што ќе ги претстави обврските и приоритетите на државата на евроинтегративниот пат.
-
Македонија 21.11.2025 08:15
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
-
Култура 20.11.2025 21:14
Балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ утре на сцената на Националната опера и балет
Утре со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер.










