Вести
-
Свет 07.04.2014 10:10
Избори во Квебек од кои зависи дали ќе има референдум за независност
Предвремени парламентарни избори се одржуваат и во Квебек, од чиишто резултати зависи одржувањето референдум за независност на оваа канадска покраина. Според анкетите, најмногу гласови се очекува да освојат либералите коишто се залагаат за федерална држава. -
Свет 07.04.2014 10:07
Во Индија почнаа маратонските парламентарни избори
Во Индија денеска почнаа маратонските парламентарни избори коишто ќе траат се до 12 мај и на кои се очекува победа на опозициските десничарски хинду националисти. Изборите ќе се одвиваат во 9 фази, а право на глас имаат 814 милиони регистрирани гласачи.
-
Свет 07.04.2014 10:06
Нова надеж за малезискиот авион
Австралиски брод којшто трага по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс открил сигнал којшто би можел да биде од црната кутија на авионот. Ова е најдобрата трага досега во речиси едномесечната потрага по исчезнатото летало.
-
Свет 07.04.2014 10:02
Аваков го обвини Путин за заземањето згради на државните институции од страна на проруските демонстранти
Украинскиот министер за внатрешни работи го обвини рускиот претседател Путин, за заземањето згради на државните институции од страна на проруските демонстранти. Исто така го обвини и поранешниот премиер Јанукович дека со руска помош се обидува да ја зголеми тензијата во регионот.
-
Економија 07.04.2014 09:59
Реконструираните патишта во велешко ќе го забрзаат економскиот развој
Се наѕира крајот на рехабилитацијата на патот од месноста Јазли до село Иванковци во Велес. Се асфалтираат последните километри од втората фаза. Потоа следи третата, или последната делница од десет километарскиот локален пат.
-
Свет 07.04.2014 09:54
Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на парламентарните избори
Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на неговата партија Фидес на парламентарните избори, притоа истакна дека со тоа се покажало дека Унгарија е најобединетата нација во Европа. -
Македонија 07.04.2014 09:37
„Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето
Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето. -
Култура 07.04.2014 09:11
Над 70 издавачи на меѓународниот саем на книгата од 8. до 14 април
Над 70 издавачи ќе учествуваат на 26. Меѓународен саем на книгата кој од утре до 14 април ќе се одржува во Метрополис арената на Скопски саем, на вкупна површина од 3.000 метри квадратни. Мотото годинава е „Саемот на книгата - саем за љубовта кон пишаниот збор“. -
Македонија 07.04.2014 09:05
Јајцата нема да поскапат
Јајцата за Велигден ќе бидат поевтини. Според живинарите табла јајца треба да чини од 180 до 200, а лани се продаваше од 220 до 240 денари.
-
Македонија 06.04.2014 19:40
Груевски и изборниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во Фејсбук комуникација со граѓаните
Над 500 прашања од граѓаните во интернет дебатата со изборниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од лидерот Никола Груевски.









