Сончево и потопло време со мала облачност и слаб ветер не очекува во последниот ден од месец март. Ќе имаме ли поволни временски услови за априлијада?
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
Сончево и потопло време со мала облачност и слаб ветер не очекува во последниот ден од месец март. Ќе имаме ли поволни временски услови за априлијада?
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
Во вторник на 8 април, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе гостува Канадскиот „Les Grands Ballets“, од Монтреал. Уметнички директор на трупата е Градимир Панков кој е роден во Скопје.
На одделни прес конференции по средбата во Париз, шефовите на дипломатиите на Русија и на САД, Лавров и Кери, изразија суштинско несогласување во врска со украинската криза. Сепак дијалогот продолжува.
Повеќе од половина месец, според сведочењето на жителите на населбата „Македонка“ од отпадниот индустриски канал тече црна смрдлива вода, која се влева во реката Брегалница. Веднаш до каналот има продавница за прехранбени производи, а до неа станбени згради.
Проучени и објавени во историска студија се настаните кои во Велес и велешко се случувале во период од 1944 до 1991 година.
Се повеќе туристи го посетуваат Вевчани, а има и туристи кои прв пат доаѓаат и се воодушевуваат од природните реткости под Јабланица.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, откако прогласи победа на неговата Партија на правдата и развојот на локалните избори, им се заканува на противниците.
Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ , ќе одржи митинзи во Валандово и Струмица, како и помали митинзи во Босилово, Василево и Ново Село.