Нема интерес кај македонските компании да издаваат акции по пат на јавна понуда. Според експертите причините се недоволно развиената регулатива, влијанието на банкарскиот сектор и недовршената приватизација на компаниите.
Вести
-
Економија 19.02.2014 16:42
-
Свет 19.02.2014 16:22
Украина во сириско сценарио
Украина ја помина границата од која нема враќање – 26 загинати во една ноќ на немири. Земјата влезе во сириското сценарио - одговорност што некој мора да ја преземе, но власта нема слух, а опозицијата контрола врз толпата.
-
Македонија 19.02.2014 15:52
Успешна трансплантација- поттик за тимот и граѓаните
Двајцата пациенти на коишто пред 5 дена им беа пресадени бубрези од починат донор,за прв пат по прекин од 25 години, се во добра состојба-информира тимот за трансплантација. Тоа е доказ дека Македонија е подготвена.
-
Економија 19.02.2014 15:44
ЕВН-Снабдување влегува на пазарот со електрична енергија
ЕВН Снабдување е нов субјект кој влегува на пазарот со електрична енергија со следниот чекор на либерализација.
-
Економија 19.02.2014 15:16
Поефтинува фиксното „АЛО“
Од први март поефтинуваат повиците од фиксен кон мобилен телефон , од 10 на седум денари, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).Само еден денар за минута ќе чини фиксното „ало“ во меѓуградскиот сообракај. -
Култура 19.02.2014 15:15
Делата на две пријателски држави на една изложба
Синоќа беше отворена втората меѓународна балканска изложба „Мост“.Изложени се 50 дела на 26 македонски уметници и на 26 ликовни уметници од Турција. Македонија и Турција долго време припаѓале на една културолошка матрица и тоа е важен момент во дефинирањето на подоцнежните развојни фази и етапи.
-
Македонија 19.02.2014 15:14
Шпионирани полициски радиоврски?!
Судскиот процес „Шпион“ продолжи и денеска. Отворен за јавноста беше распитот на обвинетиот Ѓорѓи Хаџимишев што се товари за злоупотреба на службената должност. -
Македонија 19.02.2014 15:02
Волците и Ренџерите ги демонстрираа тактиките
По повод одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на полкот за специјални операции (пСО) на Армијата на Република Македонија, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Отворен ден на полкот.
-
Македонија 19.02.2014 14:52
МРТ во акција со охридските рибочувари
Рибокрадците и натаму не ја почитуваат забраната за лов на пастрмката на Охридското Езеро за време на мрестот. Минатата година беа запленети 35 километри мрежи и беа поднесени голем број пријави. Концесионерот спроведува почести акции за фаќање на рибокрадците. -
Македонија 19.02.2014 14:38
Двегодишен план за развој на спортот кај учениците
Изградба на организациски и спортски систем, како и Календар за масовни спортски активности ќе бидат реализирани во наредниот двегодишен период. Ова е предвидено со програмата за поголемо вклучување на учениците во училишниот спорт .









