На трибина насловена „Иднина за Кочани“ ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата на својот кандидат за градоначалник и на советниците на Кочани. Акцентот е ставен на проекти за закрепнување после трагедијата во март, во вложување во инфраструктура и развој на градот и регионот.
Вести
-
Македонија 03.10.2025 17:14
-
Македонија 03.10.2025 17:05
Одобрено обвинението за пожарот во „Пулс“, ќе им се суди на 37 обвинети
37 обвинети за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ седнуваат на обвинителна клупа. Ќе им се суди за тешки дела против општата сигурност.
Советот за оценка го одобри обвинението, а со главната расправа ќе раководи судијката Диана Груевска – Илиевска.
-
Македонија 03.10.2025 16:52
30 години од обидот за атентат врз Глигоров
Пред 30 години на 3-ти октомври беше извршен обид за атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата.
-
Македонија 03.10.2025 16:16
Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда
Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
-
Свет 03.10.2025 15:31
Силни реакции на меѓународната сцена по блокадата на бродовите од флотилата за Газа
Од хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ што носи помош кон Газа, плови само уште еден брод откако израелските власти синоќа ги пресретнаа останатите и уапсија над 400 активисти кои одбиле да го сменат курсот и се обиделе да ја пробијат израелската блокада.
-
Култура 03.10.2025 15:01
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде отворена изложба на Мирослав Масин
Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Колоритот на генијот“ од Мирослав Масин. На отворањето ќе биде присутен и авторот.
-
Македонија 03.10.2025 14:29
Јанев: Безбедноста на ИКТ системите не е само техничко, туку стратешко и општествено прашање
Директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев учествуваше со свое излагање на 7. Западнобалкански дигитален самит кој се одржува во Скопје од кој Македонија испраќа силна порака за регионална соработка и заедничка дигитална иднина.
-
Свет 03.10.2025 13:45
Аеродромот во Минхен повторно отворен по прекинот поради дронови
Аеродромот во Минхен повторно функционира, откако беше затворен речиси седум часа поради забележани дронови, што доведе до откажување и пренасочување на десетици летови, погодувајќи околу 3.000 патници.
-
Македонија 03.10.2025 13:43
Ќе се редуцира градскиот превоз во Скопје
Приватните превозници се скараа со директорот на ЈСП, Драги Кушовски. Тие велат дека имаат милионски долг, од ЈСП се правдаат дека тој се намалувал.
Приватниците велат дека немаат добиено пари од месец март, и дека долгот веќе надминал над 170 милиони денари.
-
Македонија 03.10.2025 13:32
Хотелиерите обединети во битката со предизвиците
Хотелиерите од Балканот 20 години обединети за унапредување на туризмот. Балканската алијанса на хотелски асоцијации на конференција во Охрид ќе бара начини за надминување на предизвиците.Соња Рилковска известува од Охрид.









