Блокадата на американската влада продолжува поради партиски разлики.
Трамп најави кратења во демократските агенции и не покажа подготвеност за компромис со демократите, кои бараат вклучување на субвенции за здравствено осигурување.
Блокадата на американската влада продолжува поради партиски разлики.
Трамп најави кратења во демократските агенции и не покажа подготвеност за компромис со демократите, кои бараат вклучување на субвенции за здравствено осигурување.
Аеродромот во Минхен повторно функционира, откако беше затворен речиси седум часа поради забележани дронови, што доведе до откажување и пренасочување на десетици летови, погодувајќи околу 3.000 патници.
Украина беше главна тема на самитот во Копенхаген, каде земјите-членки се согласија на зајакнување на одбраната против дронови и на источните граници поради руските закани.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.
Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем.
Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт.
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Но, се заоструваат реториката и меѓусебните обвинувања.
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ.
Српскиот премиер Ѓуро Мацут доаѓа во работна посета на земјава. Во Владата ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
35-годишниот Џихад ал-Шами, британски државјанин од сириско потекло, е напаѓачот од Манчестер кој синоќа усмрти две и повреди четири лица, откако влета со автомобил во толпа луѓе пред синагога и продолжи да напаѓа со нож.