Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре се во работна посета на Брисел. Ќе се сретнат со претставници на институциите на Европската унија.
Вести
-
Македонија 21.01.2014 14:39
-
Свет 21.01.2014 14:33
Зашеметени птици летаат кон север
Невообичаено топлото време во Сибир ги зашемети и птиците од Новосибирск. Жителите се сведоци на несекојдневна појава. Имено, сибирските птици се однесувале чудно бидејќи летале како пијани, губеле ориентација и паѓале врз автомобилите.
-
Македонија 21.01.2014 14:23
Четникот го уништува кочанскиот бор
Над илјада хектари под борови насади на патот кон Пониква и кон селото Полаки веке трета година континуирано се уништуваат од појавата на боровиот четник.Хемиското третирање од воздух беше реализирано пред четири години и тогаш беа постигнати одредени резултати
-
Македонија 21.01.2014 13:49
Почнува процесот на усогласување на платите во МВР
Македонскиот полициски синдикат и МВР на интензивни разговори за утврдувањето на динамиката и стратегијата за усогласување на платите на вработените во МВР со платите во јавната администрација .
-
Македонија 21.01.2014 13:34
Спасов: Подготвено законското решение за минималецот
Законско решение за измени и дополнувања на Законот за минималната плата со коешто се предвидува зголемување на минималната плата е веќе доставено на мислење до синдикатите и организациите на работодавачите и ќе биде разгледано за седум дена на седница на Еко -
Македонија 21.01.2014 13:30
Ревитализација на водоводната мрежа во Стрежево
Над три децении старата водоводна мрежа на најкомплексниот систем за наводнување Стрежево со кој се наводнуваат над 20000 хектари обработлива земја, кој обезбедува вода за индустријата и за граѓаните, од годинава ќе почне обновувањето на најоштетените места.
-
Култура 21.01.2014 13:20
Концерт- 70 години од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски
Утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи концерт насловен како “70 години од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски“ (1943-2003).
-
Економија 21.01.2014 13:11
Груевски ќе се сретне со подпретседателот на корпорацијата „Амфенол“
Претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со Џон Тренор, потпретседател на корпорацијата „Амфенол“ и генерален директор на автомобилската групација при Амфенол корпорацијата.
-
Македонија 21.01.2014 12:54
Во понеделник, второ извлекување од „Фискална во рака- награда без мака“
Второто извлекување од наградната игра „Фискална во рака- награда без мака“ ќе се одржи во понеделник на 27-ми јанури, а во истото ќе учествуваат ковертите, пристигнати од 15-ти ноември минатата година до 26-ти јануари до 24 часот. -
Македонија 21.01.2014 12:36
Европски стандард за решавање на отпадот
Преку проектот "Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оценка на влијанието за Источен и Североисточен регион" поддржан од Европската унија ќе се реши проблемот со депонирање на отпадот во овој дел од државата.






