Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ.
Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон.
Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ.
Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон.
Синоќа во 02:30 часот во продажен објект на ул. „11 Октомври“ во Прилеп, полициски службеници лишија малолетници на возраст од 13 и 14 години.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство.
Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел од 56,15 отсто во нафтената индустрија на Србија. Министерката за рударство и енергетика, вели дека името на третата страна не се открива, бидејќи станува збор за деловни разговори на сериозни компании.
Во периодот од 16 до 19 ноември 2025 година, делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО 2025 (SCCC – Southern Commander
Дефект во противпожарниот систем, е причината поради која избувна големиот пожар во загрепската зграда „Вјесник“, покажуваат првичните наоди. Неправилното функционирање на системот за заштита довело до многу побрзо ширење низ внатрешните делови на објектот.
На 18.11.2025 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.П.(20) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
Блискиот исток не мирува. Жртви и повредени во напад врз палестински бегалски камп во јужен Либан. Израелската војска соопшти дека целеле на тренинг-центар на Хамас. По нападите на Западниот Брег, премиерот Нетанјаху изјави дека се решени да ја завршат војната на сите фронтови.
Двата дома на Конгресот се согласија да му наложат на Министерството за правда да ги објави досиејата за Џефри Епштајн. Претставничкиот дом со огромно мнозинство ја одобри мерката со 427 гласа „за“ и 1 „против“, а Сенатот едногласно ја забрза одлуката без формално гласање.
Со дополнување на обвинителниот акт и сослушување на супервештаците продолжи судскиот процес за родилката од Дебар која при породување во струшката болница остана без три органи.