Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Вести
-
Македонија 16.11.2025 09:11
-
Свет 15.11.2025 20:36
Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија
Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван.
-
Македонија 15.11.2025 19:42
Во пораст кардиоваскуларните и ендокрини заболувања
Во пораст кардиоваскуларните заболувања во охридскиот регион. Во 2020 година овие болести биле со стапка од 422, лани се искачиле на 549 на 1.000 жители.
Најпогодени се лицата од 64 до 74 годишна возраст, но загрижува тоа што се намалува старосната граница, кај лица под 55 години.
-
Македонија 15.11.2025 19:02
Расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи, обезбедено е лицето, следува соодветна пријава
На 14.11.2025 во 13:00 часот во с. Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с. Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје, соопштија од МВР.
-
Македонија 15.11.2025 18:12
Се бараат повеќе сензори и современа терапија за лицата со дијабетес
„Кога ми го дијагностицираа дијабетесот бев многу исплашена и не знаев што ме очекува“, раскажува Клементина, на која од пред 9 години сосема и се променил животот. Оттогаш води постојана борба со шеќерната болест.
-
Економија 15.11.2025 17:21
Прилеп: Стратегија за бараните занаети на пазарот на трудот
Зоран Михајлоски е последниот ковач во Прилеп и во Регионот. Сега ги дотерува земјоделските орудија, ама сè помалку.
Ковачкиот, наланџискиот, лимарскиот, шнајдерскиот занает изумираат, времето бара поддршка на дефицитарните занимања. Во чаршијата и во стопанството.
-
Македонија 15.11.2025 16:11
50 евра казна за фрлање ѓубре во 22 часот
50 евра казна за фрлање ѓубре навечер. Скопјани не смеат да го изнесуваат сметот по 22 часот сè до 6 часот изутрината, до кога важи забраната. Граѓаните со поделени мислења.
-
Македонија 15.11.2025 15:23
Во Битола акција за бесплатна правна помош
Невзат и Асибе од Битола повеќе од петнаесет години живеат во брачна заедница невенчани. Исплеткани во лавиринтот на системот и без финансиска можност за развод од бившите партнери, изгубиле многу можности за достоинствен живот.
-
Македонија 15.11.2025 14:29
„Марш на ангелите“ во Скопје - семејствата на загинатите бараат правда
Со триминутен молк во чест на жртвите од кочанската дискотека почна Маршот на ангелите. „Ако сега не го кренеме гласот, ќе треба засекогаш да молчиме“ – беше порака од семејствата.
-
Економија 15.11.2025 13:44
Доцни жетвата на оризот, цената ниска
Доцнеше сеидбата на оризот, доцни и жетвата. Родот е собран само од половина од оризните површини, а заради дождовите е со голема влажност.










