Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
На 18-ти ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер.
Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка во областа на науката и истражувањата.
Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница.
Бројот на заболени од грип се зголемува. За една недела пријавени се 116 заболени, за 20 проценти повеќе од претходната. Најмногу заболени има во Куманово и Гостивар.
Во однос на возраста најмногу заболени има од 15 до 64 годишна возраст.
Фармацевтско досие за пациентите во „Мој термин“ бараат аптекарите, за да може да се евидентира дали терапијата е подигната и како пациентот реагира на неа. Увид ќе имаат матичните лекари. Честопати пациентите сами се лекуваат, ја менуваат терапијата, а тоа никаде не е заведено.
Почнаа разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за испразнетите места во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали, но најави дека многу брзо ќе биде познато кој ќе го наследи Меџити на вицепремиерското место, но и во Министерството за животна средина.
ЕУ со нов пакет помош за Киев од речиси шест милијарди евра обезбедени преку програмата за економски и финансиски реформи и Украинскиот механизам за поддршка. За траен мир потребна е силна и независна Украина – вели шефицата на Европската комисија.
Економски раст од 3,8% и стабилизирање на инфлацијата в година, односно пад на 2,2% очекуваат од Владата. Според министерот за економија, растот на платите и пензиите ќе продолжи и во 2026, а се очекува и раст на минималната плата.
Скопје ја живее слободата. Се сеќава на жртвите на оние коишто го положиле животот за денеска градот да се развива во метропола.
81 година сеќавања на хероите што се бореа за идеја, за достоинство, за Скопје што го имаме денес.