Утре почнува 46. Издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Организаторите најавуваат уште едно возбудливо и квалитетно филмско фестивалско издание. Веќе се пристигнати многубројни странски гости.
Ружица Ѓоршевска известува од Битола.
Утре почнува 46. Издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Организаторите најавуваат уште едно возбудливо и квалитетно филмско фестивалско издание. Веќе се пристигнати многубројни странски гости.
Ружица Ѓоршевска известува од Битола.
Четири физички и едно правно лице се сомничат за загрозување на животната средина со отпад во врска со пожарот во Трубарево. Судот на првоосомничениот му изрече мерка притвор од 30 дена, а на преостанатите тројца, куќен притвор.
Во Клубот на пратеници, брифинг на премиерот Мицкоски за реформската агенда. Премиерот ги објасни сите предизвиците кои ни престојат во наредниот период.
Марина Стојанова-Тонева известува.
Нема да поскапе лебот, стабилна е цената на пченицата – уверува новиот претседател на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓоргиевски кој доаѓа од Агро-бизнис комората.
Уште еден до два состанока ќе бидат доволни за Интерната комисија да ја информира јавноста дали неосновано се правеле кардиохируршки интервенции во приватните болници за пари. Половина од осумте досиеја се веќе разгледани.
За приближување кон ЕУ е потребно за 40 проценти да се намалат буџетските корисници – министерот Минчев очекува тоа да се постигне преку кратења на управните и надзорниот одбори, усогласување на бројот на членови и спојување на институции.
Војната во Украина беснее со несмалено темпо. Регистрирани напади со беспилотни летала во повеќе региони. Украинските сили објавија дека извршиле успешен напад во Курс. Зеленски објави дека Путин подготвува две офанзиви наесен, и потврди дека е во тек контраофанзива операција на источниот фронт.
Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Република Франција денес потпишаа Меморандум за соработка, со што започнува нов стратешки проект насочен кон модернизација на институциите и градење професионална, ефикасна и доверлива јавна администрација.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.