Посвежо, но ведро утро, а преку денот претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Посвежо, но ведро утро, а преку денот претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Д. од Свети Николе, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Македонскиот народен театар синоќа ја отвори првата вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија.
Раст на трговската размена со САД и привлекување нови инвестиции се во фокусот на ефективните трговски политики коишто ги спроведува Царинската управа.
Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – за овие кривични дела Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта.
Министерството за финансии и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја зајакнуваат соработката преку потпишување Меморандум за соработка. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на ФИНКИ проф.
Непосредно по хаваријата во Трубарево, викендот кога изби пожарот во објектот за складирање електронски отпад, жителите дишеле токсичен воздух со високи концентрации на тешки метали.
Шумска мафија ја пустошела Малешевијата. Вработени во Национални шуми, но и во МВР и во Министерството за земјоделство, вкупно 15 луѓе се осомничени дека создаделе злосторничко здружение и дека опустошиле 6 илјади хектари шума.
Главниот осомничен е човек кој, иако формално не бил управител, сепак, раководел со фирмата, заедно со неговата ќерка и уште двајца соработници.
Нема да има предвремени избори – порача премиерот Мицкоски. На брифинг со новинарите, тој посочи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремените парламентарни избори ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.