Народната банка, во соработка со невладината организација за промоција на македонската култура Добредојде Македонија ‒ центар за добредојде ("Dobredojde" Macedonia Welcome Center), ги одбележа Деновите на европското наследство 2025 во Музејот на Народната банка.
Вести
-
Култура 17.09.2025 19:10
-
Македонија 17.09.2025 19:00
Муртезани на средба со чешкиот министер Дворжак, заедничка визија за европски интегриран регион
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Прага оствари работна средба со министерот за европски прашања на Чешката Република, Мартин Дворжак.
-
Свет 17.09.2025 18:45
Вдовицата на Навални тврди дека лабораториски анализи покажале дека нејзиниот сопруг е отруен
Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави лабораториски тестови во кои се тврди дека нејзиниот сопруг бил отруен.
-
Македонија 17.09.2025 18:25
Минчев: Законотот за организација и работа на државната управа ќе биде клучна алка во реформата на јавната администрација
Во Министерството за јавна администрација денеска се одржа работен состанок меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претставниците на СИГМА – иницијатива на Европската Унија и ОЕЦД за поддршка на реформите во јавната администрација.
-
Македонија 17.09.2025 18:12
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
Уставниот суд донесе одлука да не отвори постапка за иницијативата на Светскиот македонски конгрес за повреда на Изборниот законик.
-
Македонија 17.09.2025 17:58
Предизборни обвинувања на партиската сцена
Кој кого политички продава, предизборни препукувања на партиската сцена. Откако Левица истакна кандидати за Струга, Тетово и Гостивар, коалицијата Вреди обвинува дека ДУИ ја продава Струга на Левица.
-
Македонија 17.09.2025 17:44
Обвинителството отвори предистрага за пожарот во сервисот во Пинтија
Основното јавно обвинителство отвори предистрагата за пожарот во сервисот за автомобили во Пинтија по доставено известување од МВР. Од Обвинителството е побарано да бидат издадени наредби за обезбедување на снимки од неколку локации и други докази за откривање на сторителот.
-
Македонија 17.09.2025 17:27
На 22-ри септември пресуда за онкологот Мери Пешевска, која призна вина за тешки дела против здравјето на луѓето
Од сега натаму го носам печатот в џеб, а мојот профил во системот се гаси кога не сум на работа, рече лекарката Мери Пешевска, обвинета дека со нејзин потпис се аплицирала терапија кај седуммина пациенти болни од канцер на кои подоцна им се влошила состојбата.
-
Македонија 17.09.2025 17:03
Увид на местото на пожарот во скопско Трубарево
Почна увидот во опожареното складиште за електронски отпад во Трубарево. На терен увидни екипи кои по налог на јавен обвинител подигаа траги од самото место за да утврдат како настанал пожарот и како се складирал отпадот во магацинот.
-
Македонија 17.09.2025 16:36
Институционална координираност и построги казни за екоцид
Се е предвидено во законот за процесуирање на тешките дела против животната средина и природата.










