Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
Вести
-
Македонија 05.11.2025 09:48
-
Економија 05.11.2025 09:33
Раст на извозот и увозот – најмногу се тргува со Германија, Велика Британија и Кина
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368,3 милијарди денари, што претставува раст од 2,09 проценти во однос на истиот период од минатата година.
-
Свет 05.11.2025 09:14
Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди северниот дел на Грција
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
-
Македонија 05.11.2025 08:56
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот.
-
Македонија 05.11.2025 08:51
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Ацо Караманов“ како и објектот на Американската резиденција во општина Центар.
Без вода денеска од 9 часот ќе останат и корисниците од улицата Девол во општина Карпош.
-
Македонија 05.11.2025 08:44
Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.
-
Македонија 05.11.2025 08:33
Четврта годишна конференција за здравство, АмЧам организатор
Четвртата годишна конференција за здравство, под слоганот „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, ќе се одржи денес во Скопје. Настанот е во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.
-
Свет 05.11.2025 08:28
Трагедија во Тузла, најмалку десет загинати во пожар во дом за стари лица, над 20 повредени
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 20 се повредени во катастрофален пожар што избувна во дом за пензионери во североисточниот босански град Тузла.
-
Македонија 05.11.2025 08:21
Седница на Советот за судство
Судскиот совет ќе ја одржи својата 530-та седница, закажана за 10 часот. На дневен ред е разгледување на бројни приговори и жалби доставени од страна на граѓани и правни субјекти, а се однесуваат на работењето на судиите, претседателите на судовите и самите судови.
-
Македонија 05.11.2025 08:13
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.










