Излезеноста во вториот круг од локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,21 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Вести
-
Македонија 02.11.2025 13:54
-
Македонија 02.11.2025 13:47
Граѓаните го остваруваат своето право на глас
Градоначалник избираат и жителите на општина Центар. Граѓаните и денеска излегоа да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Ана Јосифовска посети избирачко место во општината.
-
Македонија 02.11.2025 13:31
Гласање во вториот круг Шуто Оризари
Шуто Оризари е една од четирите каде се гласа за градоначалник на општината, а за три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници. Како се одвива гласањето во општината?
Наташа Јанчиќ – Менковски е во едно од избирачките места.
-
Македонија 02.11.2025 13:27
Гласањето во општина Аеродром без проблеми
Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19.00 часот. Во Ново Лисиче, општина Аеродром, избирачите на изборните места добиваат по две ливчиња, за градоначалник на главниот град и за општината.
-
Македонија 02.11.2025 13:24
Гласање во општина Карпош
Во вториот круг се гласа во четири скопски општини и за Градот Скопје. И жителите на Карпош денеска избираат кој ќе биде градоначалник. Како тече гласањето во општина Карпош?
Елизабета Мемиќ известува.
-
Македонија 02.11.2025 13:13
Одѕивот до 11 часот е 10,10 проценти
Во вториот круг локални избори, за избран градоначалник се смета оној кој ќе освои најмногу гласови, цензус нема. За одѕивот и текот на изборниот процес редовно информира Државната изборна комисија.
-
Свет 02.11.2025 12:34
Бројот на жртви од поплавите во Виетнам се искачи на 35
Бројот на жртви од поплавите во Виетнам се зголеми на 35. Се расчистуваат погодените подрачја и се обновува електричната енергија, додека некои области остануваат отсечени.
Властите предупредуваат на можни зарази поради загадување со кал.
-
Македонија 02.11.2025 12:19
Вториот круг од локалните избори го следат 1.622 акредитирани набљудувачи
Вториот круг од локалните избори, во кој треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1.622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија. За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.
-
Македонија 02.11.2025 11:57
ДИК: Излезноста до 11 часот е 10,10 проценти
До 11 часот во вториот круг на локалните избори гласале 10,10 отсто од запишаните гласачи или вкупно 70.424 гласачи.
-
Македонија 02.11.2025 11:56
МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Т










