Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање. Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Вести
-
Македонија 02.11.2025 09:56
-
Македонија 02.11.2025 09:33
Гласањето во Могила се одвива непречено
Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Александра Максимовска известува, како се одвива гласањето во Могила.
-
Македонија 02.11.2025 09:29
Втор круг за избор на градоначалник во Аеродром
Градоначалник избираат и жителите на општината Аеродром. Таму гласачките места беа отворени навреме и граѓаните непречено го остваруваат своето уставно загарантирано право за учество во изборниот процес.
Елизабета Кузмановска известува од Аеродром.
-
Македонија 02.11.2025 09:26
Гласачките места во Центар отворени навреме
Во вториот круг се гласа во 4 скопски општини и во градот Скопје. И општина Центар денеска избира кој ќе раководи со општината во наредните четири години.
Известува Елизабета Мемиќ.
-
Македонија 02.11.2025 09:14
ДИК: Гласањето тече без проблеми
Во 32 општини и во градот Скопје, милион 13 илјади 357 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава. Гласачките места беа отворени во 7 и ќе се гласа се до 19 часот. Како тече гласањето? -
Свет 02.11.2025 08:58
Вооружен напад во Велика Британија, десетина лица избодени со нож
Вооружен напад во Велика Британија. Десет луѓе, од кои деветмина се борат за живот, биле избодени со нож во воз во близина на Кембриџ. Полицијата уапси две лица. Се истражува мотивот.
-
Македонија 02.11.2025 08:37
Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1.598 набљудувачи
За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.
-
Македонија 02.11.2025 08:22
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 02.11.2025 08:07
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
-
Македонија 02.11.2025 07:52
Сончево со мала до умерена облачност
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.










