Вести
-
Македонија 31.10.2025 13:25
Последен ден за кампања пред вториот круг, молк на полноќ
Последен ден од изборната кампања. Молк од полноќ. На втори ноември се гласа втор круг за градоначалници и советници во 32 општини и во град Скопје. Ќе се прегласува за членови на Советот на општина Шуто Оризари. -
Македонија 31.10.2025 13:25
Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец за продолжено загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 31.10.2025 13:24
Две години условна за напаѓачот на Арсовска
Условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет не стори ново кривично дело, судот изрече пресуда на напаѓачот на градоначалничката Арсовска при увид на терен на општина Чаир. Обвинетиот Нуредини призна вина, рече дека се кае.
-
Македонија 31.10.2025 13:18
Одбележување на „Резолуцијата 1325 на ОН - Жени, мир и безбедност“
25 години од усвојување на Резолуцијата на 1325 на Обединетите нации-Жени, мир и безбедност. Обраќање за положбата на жените во општеството имаше претседателката Сиљановска Давкова.
Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 31.10.2025 13:00
Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец
Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО.
-
Свет 31.10.2025 12:26
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад за годишнината од трагедијата
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица.
-
Македонија 31.10.2025 11:40
Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени 4.826 болни
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
-
Свет 31.10.2025 11:24
Продолжува блокадата на федералната влада
Њујорк прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна. Федералната влада и натаму е во блокада.
-
Култура 31.10.2025 10:55
Отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во Прилеп
Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата.
-
Свет 31.10.2025 10:35
Вратени останките на уште двајца заложници
Хамас предаде тела на уште двајца заложници. Досега беа вратени 15 киднапирани, се трага по уште 13. Прекинот на огнот во Газа и натаму на тест. Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви.










