Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан.
Вести
-
Економија 27.10.2025 09:13
-
Свет 27.10.2025 09:11
Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва
Украина одново ја нападна Московската област со дронови. Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите поради заканата.
-
Култура 27.10.2025 08:57
Во Јадро изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“
Во КСП Центар – Јадро вечер ќе биде отворена изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.
-
Македонија 27.10.2025 08:51
На автопатот Скопје-Велес поради одрон, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
-
Македонија 27.10.2025 08:48
Мицкоски во посета на ГОБ „8 Септември“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Владината прес-служба најави дека Мицкоски во ГОБ „8 Септември“ ќе изврши увид на нова апаратура која ќе биде поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација.
-
Свет 27.10.2025 08:35
САД и Кина се поблиску до трговски договор
Министрите за финансии на САД и Кина подготвија рамка за трговски разговори меѓу лидерите на двете земји. Договорот меѓу Вашингтон и Пекинг е сè поблиску, изјавија претставници од двете најголеми економии во светот.
-
Македонија 27.10.2025 08:30
Јаневска ќе се обрати Првиот годишен форум за квалитет во високото образование
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што ќе се одржи денеска во тркалезната сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Македонија 27.10.2025 08:24
Уште пет дена кампања за вториот круг
Уште пет дена предизборна кампања, пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори. Партиите и кандидатите продолжуваат со мини-митинзи и средби со граѓани. Се погласни стануваат и препукувањата меѓу противкандидатите, но и ставовите на лидерите на политичките партии.
-
Македонија 27.10.2025 08:13
Македонија зафатена од поројни дождови
Под влијание на циклонска активност, целата земја зафатена од поројни дождови, а на места и со силен ветер. Денеска најобилни врнежи се очекуваат во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен.
-
Македонија 26.10.2025 18:45
Фатен осомничен извршител на разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје, поведена истрага
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.










