Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Вести
-
Македонија 19.10.2025 11:02
-
Македонија 19.10.2025 10:50
Локалните избори ги следат 1.451 домашни и странски набљудувачи
Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1.451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.
-
Свет 19.10.2025 10:36
Демонстрации во Израел, ООН алармира за состојбата во Газа
Демонстрации во Тел Авив и Ерусалим. Се бара предавање на преостанатите починати заложници. И израелските власти алармираа, милитантната група да ги исполни обврските и да ги врати останките од сите починати заложници. Во Газа пак, ООН алармираат за уништувањето во енклавата.
-
Македонија 19.10.2025 10:19
ДИК: Три проценти излезеност на изборите до 09:15 часот
Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.
-
Свет 19.10.2025 10:02
Движењето „Без кралеви“ одржа нови масовни демонстрации низ САД
Масовни протести во САД на движењето „Без кралеви“. Граѓани, од сите 50 сојузни држави излегоа на улиците против политиките на претседателот Трамп за имиграцијата, образованието, безбедноста.
-
Свет 19.10.2025 09:46
Мерц: Војната мора да заврши
Европа мора да преземе мерки за да ја заврши војната на Русија во Украина, став на германскиот канцелар. Европјаните мора да ја поддржат Украина финансиски, политички и воено, за брзо да ја заврши војната, нагласи Мерц.
-
Македонија 19.10.2025 09:34
Во Штип гласаат над 41.000 граѓани
Во Штип со право на глас се над 41.000 избирачи. Оваа бројка е помала за околу 800 гласачи, споредено со последните парламентарни и претседателски избори.
Како тече изборниот процес во Штип, известува Славица Величковска.
-
Македонија 19.10.2025 09:29
Без проблеми тече гласањето во Општина Центар
Без проблеми се одвива гласањето во Општина Центар. Мартин Николовски известува од едно избирачко место.
-
Македонија 19.10.2025 09:15
Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
За локалните избори во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Во Избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи.
Од Државната изборна комисија известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Свет 19.10.2025 08:54
Преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Доха
Делегации од Авганистан и од Пакистан во Доха на преговори. Катар понуди да работи на мировно решение за смирување на најсмртоносната криза меѓу двете земји во последните неколку години.










