Вести
-
Македонија 08.10.2025 13:21
Уапсени управители на старски дом во Капиштец
Стари лица биле предмет на физичко и психичко насилство и понижување, добивале и храна со поминат рок, Обвинителството отвори истрага против сопственички и овластени лица во два старски домови. -
Македонија 08.10.2025 13:14
Продолжи судењето за случајот „Онкологија“
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Онкологија“. Продолжи судењето против поранешниот директор на клиниката Васев и двајца онколози обвинети за несовесно лекување на пациенти. Предметот е во доказна постапка.
Игор Панов известува од Кривичниот суд.
-
Македонија 08.10.2025 13:12
Се истражува случајот со нападот на Шаини
Продолжува истрагата за ранетиот доктор Шаини, носител на советничка листа од коалицијата Национална алијанса на Албанците во кого беше пукано вчера во близина на општина Куманово. Тој е во стабилна состојба.
Елена Георгиевска известува.
-
Економија 08.10.2025 12:45
Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација
На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево во организација на Централната банка на Босна и Херцеговина, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и
-
Македонија 08.10.2025 12:10
Ново рочиште против трите лица за дивите депонии на Вардариште
Во скопскиот Кривичен суд за денеска е закажано ново рочиште против тројцата обвинети за создавање на депонијата во Вардариште. Тие се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад.
На претходната главна расправа признаа вина.
-
Македонија 08.10.2025 11:31
Лишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило во Скопје
Вчера во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на пра
-
Свет 08.10.2025 11:19
Црвен метео-аларм во Романија и Бугарија
Во Бугарија и Романија прогласена црвена метео тревога поради обилните врнежи дожд. Стотици училишта во Романија се затворени, а жителите се советуваат да не патуваат.
Бугарските власти будно ја следат состојбата, откако минатата недела во невремето загинаа четири лица.
-
Македонија 08.10.2025 10:58
Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
-
Македонија 08.10.2025 10:44
Муцунски во Белфаст на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денеска и утре се одржува во Белфаст.
-
Македонија 08.10.2025 10:19
Истрага за злоупотреби и малтретирање во приватни установи за сместување стари лица
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од










