Скопската градоначалничка, Данела Арсовска ги свика новинарите на брифинг. Теми се документација за дивоградби во Чаир, но и последното судење на кое се соочи со нејзиниот напаѓач.
Ана Јосифоска има извештај од средбата.
Скопската градоначалничка, Данела Арсовска ги свика новинарите на брифинг. Теми се документација за дивоградби во Чаир, но и последното судење на кое се соочи со нејзиниот напаѓач.
Ана Јосифоска има извештај од средбата.
Во Собранието, вообичаено секој последен четврток во месецот, пленарна седница за пратенички прашања, последна пред колективниот одмор на пратениците. На Комисијата за избори и именувања пак, на дневен ред предлог-одлуката за избор на нов Народен правобранител.
Глобалната економија на готовс. Заврши крајниот рок за преговори со американската администрација за наметнатите царини. Некои од земјите успеаја да се договорат, преостанатите од утре се соочуваат со високи тарифи за извоз на американскиот пазар.
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во текот на изминатите три дена од последнава недела во месецот (28./29./и 30.07.2025), регистрираа вкупно 1,937 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за
Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„ 11 Октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Даме Груев“ до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ во Скопје.
Американскиот претседател, издаде наредба за царина од 50 проценти за Бразил и ја обвини бразилската влада за сериозни злоупотреби на човековите права што го поткопале владеењето на правото.
Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот. Шефот на Белата Куќа му постави рок на Путин од 10 дена да ги запре нападите, скратувајќи го претходниот рок од 50 дена.
Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни. Потегот следува откако разговарал со британскиот премиер Стармер, кој објави сличен потег, а истото претходно го направи и францускиот претседател Макрон.
Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.
Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.