Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, придружувани од градоначалниците на општ
Многу работа и нови инфраструктурни проекти за општините во наредниот период најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска се обрати на настанот пуштање во употреба на новата обиколница – Западен Булевар во Гевгелија.
Вчера во 02.40 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с. Брвеница, тетовско - информираат од МВР.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Вивиен Аисен, вонредна и ополномоштена амбасадорка на државата Израел, со седиште во Ерусалим.
Триесетина настани, научна трибина и централно чествување на големиот Илинден ќе понуди националната манифестација 10 дена Крушевска Република. Крушево се подготвува за празникот. Манифестацијата ќе пречека преку 150 коњаници, а традиционално, свеченото отворање е на први август на Гумење.
Изминатата вечер (24/25.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај
Овој чекор не е политичка амбиција туку политичка нужност. Вака „Зелен хуман град“ ја објаснува потребата независните да се здружат во политичка партија. Од денеска почнуваат да ги собираат потребните 1.000 потписи.
Првата антикорупционерка Татјана Димитровска во Собранието поднесе оставка на функцијата. Нема образложение за нејзиното заминување освен повикување на членот 14 од Законот за спречување на корупцијата со која се опфатени случаите кога престанува функцијата.