Во Кочани ќе се одржи шеснаесеттиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот, организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, ќе почне во 18 часот и 05 минути од паркот на револуцијата и ќе се одвива по вообичаената рута.
Вести
-
Македонија 26.07.2025 17:26
-
Македонија 26.07.2025 16:57
Елитата во параглајдерството е во Крушево
Светската елита во параглајдерството деновиве е во Крушево. 132-јца врвни светски пилоти во овој спорт се натпреваруваат за најдобар пласман. Организацијата е врвна, градските власти инвестираа.
Гостите ги признаваат врвните предности што ги нуди Крушево.
-
Македонија 26.07.2025 16:11
Двајца под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
-
Култура 26.07.2025 15:38
Новина на локалитетот Стоби, летна школа за фотограметрија
Летната школа, за фотограметрија во Стоби се организира по прв пат. Десетина учесници учат како да ја документираат историјата користејќи најсовремени дигитални методи.
-
Македонија 26.07.2025 15:12
Температурата го достигна пикот ова лето
Македонија го живее најтоплиот ден. на сонце не се излегува, на жешкиот асфалт тешко се дише. Живата на термометарот достигна 43 степени, највисоки измерени ова лето. Африканскиот топлотен бран што ја зафати државата ќе се задржи до утревечер.
-
Македонија 26.07.2025 14:13
Развој на рурален туризам во село Белица
Горна Белица развива рурален туризам. Струшкото село издигнато високо на падините на Јабланица помеѓу боровата шума, денес нема постојани жители, тоа е современа викенд населба, со голем број апартмани, вили и планинарски дом.
-
Македонија 26.07.2025 13:07
12 активни пожари во изминатото деноноќие, 6 се активни
Регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор изминатото деноноќие. 6 се активни, 3 се под контрола и уште толку се изгаснати.
Сè уште гори во Малешевијата, во Прилеп, Македонски Брод, меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа и во делови од општините Штип и Желино.
-
Македонија 26.07.2025 12:01
Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на реката Вардар
Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар кај Уланци во Општина Градско. 16-годишната девојка трет ден ја бараат полициски службеници и армиските волци со специјална опрема за нуркање и чамци.
-
Свет 26.07.2025 11:06
Областа околу границата напуштена, конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа продолжува
Десетици илјади луѓе побараа засолниште додека граничните борби меѓу Тајланд и Камбоџа влегоа во третиот ден, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт.
-
Македонија 26.07.2025 10:01
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Скопје, 26 јули 1963 година 5:17 часот – дваесет секунди што ја променија историјата на еден град. Разорен земјотрес го уништи Скопје за 20 секунди.










