Велес сè уште е во шок по вчерашното двојно убиство и самоубиство. Убиецот пред пет дена бил условно осуден и имал забрана да ѝ се приближува на жената.
Петар Печков известува.
Велес сè уште е во шок по вчерашното двојно убиство и самоубиство. Убиецот пред пет дена бил условно осуден и имал забрана да ѝ се приближува на жената.
Петар Печков известува.
Двајцата ексдиректори на Клиниката за онкологија, Васев и Нухи на обвинителна клупа. Се гонат за злоупотреба на службената положба и за проневера во службата, тешка 2,2 милијарди денари. Тие негираа вина, Обвинителството уверено дека ќе го докаже случајот.
Во тек е истрагата за пожарот во Трубарево. Истекува краткотрајниот притвор на четворицата приведени, се чекаат и анализите за загадувањето на воздухот – Борис Грујоски известува.
Ноќеска е подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија. Изгореа автомобили, масло и други запаливи предмети. Објавено е видео од безбедносна камера, на кое се гледа како млад маж со качулка намерно го предизвикува пожарот.
Александра Велинова е на терен.
Последниот подметнат пожар во Пинтија за премиерот Мицкоски е доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред избори. Тој откри и дека денеска заседава врвот на МВР.
Марина Стојанова-Тонева известува.
Мистериозните пештери на Галичица да станат туристичка атракција. Охрид има капацитет и треба да развива спелеолошки туризам, сугерираат експертите.
Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков присуствуваше на отворањето на првиот регионален научен, иновациски и технолошки парк кој треба да отвори ново поглавје за нашата земја, за младите и прогресивни луѓе кои се поврзуваат преку науката, градејќи и создавајќи подобра
Американската војска изврши нов напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица.
Активната транспарентност на министерствата е намалена во однос на минатата година, додека кај општините останува на исто ниво – покажува најновото годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска до 18.09.2025 година ќе учествува на 28. конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).