Венко Филипче треба да си замине од СДСМ за партијата да тргне во позитивна насока. Ова го побараа поранешни и актуелни членови на партијата, обединети во платформата „12.05“.
Вести
-
Македонија 24.09.2026 20:00
-
Македонија 24.09.2026 19:46
Разбиен организиран синџир за шверц на цигари
Царински и полициски службеници овозможиле 7 пати преку граница да се шверцуваат цигари, открила заедничката акција на Царинската управа, Обвинителството и полицијата. Во операцијата „Филтер 2“ приведени се 13 лица, а извршени се претреси на 23 локации низ државата.
-
Култура 24.09.2026 19:27
Моќта на кадарот во документарниот филм
Филмовите од документарната конкуренција беа во фокусот на прес-конференцијата на претпоследниот фестивалски ден. Оваа година селекцијата обединува осум филмови од осум земји, меѓу кои и францускиот филм „Босоногата Марија“ чија режисерка и кинематограферка е Ребека Дињ.
-
Македонија 24.09.2026 19:02
Прославата на независноста во фокус на пратеничките прашања
Последниот четврток во месецот, вообичаено, резервиран за седницата за пратенички прашања, редовен механизам со којшто пратениците бараат отчет од извршната власт, за прашањата од јавен интерес.
-
Свет 24.09.2026 18:38
Кинескиот претседател Џјинпинг во тридневна посета на САД
Раскошен пречек со црвен килим и лично присуство – невообичаениот потег на американскиот претседател Трамп, кој го поздрави кинескиот колега Шји уште на аеродромот при неговото пристигнување на дводневниот самит во Вашингтон, отвори повеќе дилеми во меѓународната јавност.
-
Македонија 24.09.2026 18:15
Нема лекарска грешка за случајот со парализираната родилка од Струмица, утврдила Стручната комисија
Нема лекарска грешка, ниту поврзаност со спиналната анестезија – ова е заклучокот на стручната комисија од петтемина домашни и странски доктори која го проверуваше случајот со 19 – годишната родилка од Струмица, која по породување со царски рез остана неподвижна.
-
Македонија 24.09.2026 18:04
Шлепери со цигари влегувале преку „Богородица“, а излегувале празни – 13 приведени во „Филтер 2“
Тринаесет шпедитери, транспортери, извозници, превозници, полицајци и цариници се приведени во операцијата „Филтер 2“ осомничени за шверц на големи количества цигари. Камиони шлепери влегувале на преминот „Богородица“, а излегувале празни.
-
Македонија 24.09.2026 17:47
СДСМ против новиот просторен план, ВМРО-ДПМНЕ со критики кон Филипче
Претседателот на СДСМ, Филипче предупреди дека со новиот просторен план власта предвидува отворање пет нови рудници со што земјата, како што вели се распродава на странски инвеститори, а е на штета на здравјето на граѓаните. Побара повлекување на планот.
-
Македонија 24.09.2026 17:36
Ревизијата откри низа слабости во ДПИ
Само 148 инспектори во текот на една година спровеле повеќе од 28 илјади инспекциски надзори.
-
Свет 24.09.2026 17:28
Агент со ВИ на компанијата „Опен АИ“ упадна во владина база на здравствени податоци во Австралија
За првпат, агент со вештачка интелигенција на компанијата „Опен АИ“ упадна во владина база на здравствени податоци во Австралија, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.










