Дојран почна да се полни што со домашни што со транзитни туристи. Локалните власти тврдат дека се е подготвено за новата летна туристичка сезона. Очекуваат околу 150 илјади ноќевања заради зголемената понуда на сместувачки капацитети во оваа туристичко место.
Вести
-
Македонија 06.07.2025 15:16
-
Македонија 06.07.2025 14:03
38 армиски возила ставени во употреба за гаснење пожари
Овие возила се адаптирани да носат вода од 600 литри до 8 тони. Противпожарните возила ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување. Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели годинава нема да ми треба гранка за да гаснам пожари.
-
Економија 06.07.2025 13:20
Сушата и малото производство ги диктираат цените на зелениот пазар
Малото градинарско производство, зависноста од увозот и лошата, сушна година ги држат високо цените на градинарските култури, констатираат агрономите оценувајќи дека не се очекува некое намалување на цените на зелената храна.
-
Свет 06.07.2025 12:29
Над 50 загинати и десетици исчезнати по катастрофалните поплави во Тексас
Ударот на природата во Тексас зад себе остави пустош и тага. Бројот на жртви од поплавите расте. Најпогодени се областите околу реката Гуадалупе. Над 50 луѓе ги загубија животите, а поголемиот дел од нив се од летниот христијански камп за девојчиња во округот Кер. Сè уште се трага по 27 деца.
-
Македонија 06.07.2025 11:51
Топлотниот бран го наполни ургентниот центар во Куманово
Зголемен број пациенти периодов регистрира ургентно-хируршкиот центар во Куманово. Високите температури најмногу ги погодуваат повозрасните лица, бремените жени, децата. Се жалат на кардиоваскуларни проблеми, проблеми со вртоглавици, респираторни болести
-
Свет 06.07.2025 11:07
Нов масовен руски напад врз Киев
Киев повторно цел на нов масовен руски напад во текот на ноќта. Украина возвраќа, Москва тврдии-собориле над сто беспилотни летала.
-
Свет 06.07.2025 10:30
Тексас: Бројот на жртви во полавите се искачи над 50
Ужасни сцени доаѓаат од Тексас. Бројот на жртви се искачи на 50, поголемиот дел од нив се од летниот христијански камп за девојчиња во округот Кер. Сè уште се трага по 27 деца откако поројните дождови предизвикаа излевање на реката Гвадалупе низ ридскиот регион познат по своите летни кампови.
-
Македонија 06.07.2025 09:27
Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила.
-
Македонија 06.07.2025 08:48
Сончево и многу топло, навечер локално невреме со пороен дожд
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
-
Македонија 05.07.2025 19:41
Нов протестен марш во Кочани
Во 18 часот и 5 минути родителите на загинатите во пожарот во кабарето „Пулс“ молчејќи маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност.










