Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека во првата половина од август ќе бидат распишани локалните избори за октомври. Ќе бидат запазени сите рокови како што налага законот потенцира првиот парламентарец.
Вести
-
Македонија 07.07.2025 17:20
-
Македонија 07.07.2025 17:00
Прва жртва од пожарите, пронајдено тело во Ѓорче Петров
Изгорено човечко тело пронајдено во помошна просторија по пожарот што избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи. Пожарот прво зафатил сува трева, но потоа се проширил и на помошни објекти и штали.
-
Економија 07.07.2025 16:30
Мицкоски: Македонија станува привлечна дестинација за странските инвеститори
Македонија станува привлечна дестинација за странските инвеститори, вели премиерот. Тој откри дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ-секторот, логистиката и агро-преработката. Дел се компании кои веќе работат во Македонија, а дел нови.
-
Македонија 07.07.2025 16:00
400 невработени ќе гаснат пожари
Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување.
-
Свет 07.07.2025 15:16
Расте бројот на загинати во поплавите во Тексас
Карпи, дрва, возила и жртви сè уште носи буицата по поројните дождови во централнотексашката река Гвадалупе, којашто се претвори во убиствен, уништувачки монструм. Над 80 луѓе се пријавени за загинати, но најверојатно бројката ќе надмине стотина, поради неодредениот број исчезнати.
-
Економија 07.07.2025 14:39
Нови цени на горивата од полноќ
Чекор кон смирување на инфлацијата може да биде новото поевтинување на горивата од полноќ. Цените на бензините се намалуваат за 1,5 денар, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74 денари за литар, а 98-ката за 76 денари.
-
Македонија 07.07.2025 14:17
Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, возеле под дејство на алкохол
Вчера во 17.39 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола, информираат од МВР.
-
Свет 07.07.2025 13:56
Хутите истрелаа проектили кон Израел
Хутите истрелаа два проектила кон Израел во текот на ноќта, вели израелската одбрана. Нема пријавени повредени или последици.
-
Македонија 07.07.2025 13:24
Властите ветуваат јавна администрација во служба на граѓаните
Јавната администрација не треба да биде заложник на нефункционален систем. Tаа мора да биде во служба на граѓаните. Покрај воведувањето модернизиран, софтверски систем, фокус и на помал, но ефикасен јавен сектор.Ирина Гелевска известува -
Македонија 07.07.2025 12:49
Пожарот меѓу селата Блаце и Чучер не стивнува, екипите се борат со стихијата на тешко пристапен терен
Со „Ер-трактор“, три хеликоптери, со употреба на пренаменетите воени и полициски возила се интервенира на големиот пожар кај Блаце и Чучер Сандево. Се прошири на два крака, од кој едниот на непристапен ридско-планински терен.










