Во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за случајот „Адитив“. Истрагата опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, за криминал тежок 6,5 милиони евра.
Вести
-
Македонија 02.09.2025 13:15
-
Македонија 02.09.2025 12:59
Напаѓачот на Арсовска доби две години затвор
Сулејман Љамалари, на кого му се судеше за физичко и вербално насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби две години затворска казна, во кои се пресметува времето поминато во притвор. До правосилноста на пресудата, Љамалари останува во притвор.
-
Свет 02.09.2025 12:36
Светските лидери во Пекинг пред големата парада
Драг пријател, вака Путин го нарече кинескиот претседател на средбата која претходи на утрешната воена парада, по повод завршувањето на Втората светска војна. Ова е втора меѓународна посета на шефот на Кремљ по средбата со Трамп на Аљаска.
-
Свет 02.09.2025 12:26
Комеморативната прошетка во Нови Сад заврши со хаос, одржани собири и во Белград
На синоќешните комеморативни собири во Србија, на повик на студентите, десетици илјади граѓани одбележаа 10 месеци од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Главниот собир беше во Белград кој, како и во другите градови помина мирно, освен во Нови Сад.
-
Македонија 02.09.2025 11:50
Јаневска и Митески им доделија таблет уреди на четвртоодделенците во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром
Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес.
-
Македонија 02.09.2025 11:28
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир
СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи.
-
Македонија 02.09.2025 11:18
Фатен крадец во Струмица, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
На 01.09.2025 во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко.
-
Македонија 02.09.2025 11:06
ДЗР: Неправилности во користењето на јавните средства во МОН
Ревизорите дадоа неповолно мислење за финансиските извештаи на МОН, посочувајќи слабости во капиталните инвестиции, изградба на училишта и студентски домови, управување со учебници, како и ненаплатени побарувања.
-
Економија 02.09.2025 10:43
Во услужните дејности и продажбата најмногу слободни работни места во второто тримесечје од 2025
Во второто тримесечје од 2025 година стапката на слободни работни места во земјава изнесувала 2,08 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголема побарувачка имало за работници во услужни дејности и продажба, каде биле евидентирани 2.008 слободни работни позиции.
-
Македонија 02.09.2025 10:29
ЦУК: Два активни, три пожари под контрола
Во моментов, активни се два пожари во земјата, додека три други се успешно ставени под контрола.
Во текот на претходните 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, на територијата на целата држава забележани се вкупно 18 пожари на отворен простор.










