Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка.
Вести
-
Македонија 24.06.2025 10:29
-
Македонија 24.06.2025 10:15
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 24.06.2025 09:54
Израел и Иран се согласија за прекин на огнот
Израел се согласи на прекин на огнот со Иран, но предупредува, ќе одговори на секое прекршување. Од кабинетот на премиерот Нетанјаху велат дека се постигнати целите на операцијата и отстранети заканите поврзани со иранското нуклеарно и балистичко вооружување.
-
Македонија 24.06.2025 09:43
Земјотрес со јачина од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 24.06.2025 09:40
Топлотен бран со африкански температури
Земјава од денеска влегува во топлотен бран со многу високи температури и високо УВ-зрачење. Од Институтот за јавно здравје апелираат за почитување на мерките за заштита, особено лицата од ранливата група граѓани.
-
Свет 24.06.2025 09:39
Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина
Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина. Сирени за воздушен напад издадени над Харков и Дењецк.
-
Свет 24.06.2025 09:31
Самит на НАТО во Хаг
Лидерите на земјите членки на НАТО денеска и утре на самит во Хаг на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Главна тема, зголемување на трошоците за одбрана од пет проценти од БДП.
-
Македонија 24.06.2025 09:24
МНР со апел до граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток
МНР со апел да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток во кои е влошена безбедносната состојба.
-
Македонија 24.06.2025 09:22
Вицепремиерот Николоски од денеска во работна посета во Франција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е предвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
-
Македонија 24.06.2025 09:12
Државна делегација предводена од Сиљановска-Давкова ќе учествува на НАТО самитот во Хаг
На покана на Генералниот секретар на НАТО, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе учествува во работата на Самитот којшто денеска и утре се одржува во Хаг, Кралството Холандија.










