Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата наутро ќе биде од 7 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 29 до 37 степени.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата наутро ќе биде од 7 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 29 до 37 степени.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска
Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата.
Голем е интересот за студирање на Медицинскиот факултет. Најмногу за општа медицина, вели деканот на Медицински факултет за МТВ. За 200 слободни места пријавени се 428 идни бруцоши. Но и покрај интересот за студирање, бројот на доктори е сè помал.
Ана Јосифоска
Хуманитарни концерти, пакети со храна или облека, хигиенски средства се дел од акциите коишто се реализираат вообичаено за поголемите верски празници. Им се дарува на социјално загрозените. Пред стартот на учебната година актуелни се акциите за донирање училишен прибор.
Летото сè уште трае, но ноќите стануваат постудени. Големите температурни разлики во текот на денот влијаат на здравјето на дел од населението. Повозрасните и хронично болните чувствуваат тегоби од временските скокови, но велат дека знаат како да спречат влошување на здравствената состојба.
Премиерот Мицкоски на повикот од опозицискиот лидер на СДСМ Венко Филипче за пораст на минималната плата вели дека добро е да се направи споредба меѓу Владата на СДСМ и ДУИ од 2017 до мај 2024 година која остварила пораст на реалната нето-плата во Македонија за околу 3,5 проценти.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за историски резултат на локалните избори, со цел да ја продолжи реформската агенда која е почната, вели премиерот Мицкоски. Тој на опозицијата и предвидува пораз во најголемиот дел од општините.
Работа во прашина, на многу ниски и на високи температури. Многу неизвесни секојдневија за коишто треба среќа. Вака рударската работа ја опиша Поповски, багерист во рударско-енергетскиот комбинат во „РЕК-Битола“. Сепак, цели 25 години останал во овој сектор бидејќи професијата го усреќува.